Tag "Папа Фрањо"
Генерална аудиенција: Да не осудуваме, туку да посредуваме кај Бог и за најголемите грешници
Пастирите се мост помеѓу народот на кого му припаѓаат и Бог на кого припаѓаат според повикот – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 17 јуни 2020 година, на која зборуваше за Мојсеј кој не го продава својот народ, туку посредува за него.
Папата именуваше нов секретар на Управата за добрата на Светиот Престол
Папата Фрањо ја довери таа служба на д-р Фабио Гасперини, лаик со долга кариера во финансискиот сектор, посебно во областа на советувањето и ревизијата.
Повик на папата Фрањо за празникот Пресвето Срце Исусово
Папата Фрањо во среда 17 јуни 2020 година упати повик до верниците по повод претстојниот празник Пресвето Срце Исусово.
Папата: Каде нема грижа за старите лица, нема иднина за младите
По повод Меѓународниот ден на борбата против насилството над стари лица, кој се одбележува на 15 јуни, папата Фрањо преку Твитер порака истакна за важноста да се почитува нивното достоинство и нивните слабости.
Папата Фрањо: Со Евхаристијата Господ го лекува нашето сеќавање
Споменот на Бог го лекува нашето рането сеќавање – рече папата Фрањо во недела 14 јуни за време на светата Литургија која ја служеше по повод празникот Пресвето Тело и Крв Христови во базиликата Свети Петар во Ватикан. „И помни го целиот пат, по кој што те водеше Господ, твојот Бог“ – цитира папата Фрањо од 5. Книга Мојсеева и истакна: Се сеќавам! – со тој повик на Мојсеј започнува денешното Слово Божјо. Веднаш после тоа Мојсеј повторува: !Не заборавај
Папата преку телефон им се обрати на учесниците на виртуелното поклонение
И оваа година папата Фрањо преку телефон им се обрати на учесниците во поклонението од Мачерата во Лорето кое се одржа во саботата на 13 јуни, но заради пандемијата од Ковид-19 е заменето со молитва во светилиштето Светата куќа.
Благодарност од Папата за ружите на света Рита
Во писмото испратено до клаузурната заедница во Касција, Папата се заблагодари за ружите на света Рита кои монахињите и отците августинци му ги испратија по благословот на денот на литургискиот спомен на таа светица на безнадежните случаи.
Светиот Отец апелира за мир во Либија
После пладневната молитва на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо се обрати до меѓународната заедница да се ангажира за воспоставување мир во Либија и да им помогне на бројните мигранти кој се наоѓаат во таа северноафриканска земја.
Ангел Господов: Единството со Христос и заедништвото се двократен плод на Евхаристијата
Денес во Италија и во други земји се слави празникот на Пресветото Тело и Крв Христови, Телово – рече папата Фрањо во недела 14 јуни 2020 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар и додаде: Во второто читање од денешната Литургија, свети Павле го опишува евхаристиското славење (1 Коринтјаните 10,16-17). Истакнува два учиноци на путирот од кој заеднички се пие и лебот кој се прекршува: мистичен учинок и учинок на заедницата.
Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и ватиканските медиуми за времето по пандемијата
Во Рим на 9 јуни се одржа средба на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и ватиканските медиуми за подготовка на локалните Цркви за времето по пандемијата со коронавирусот.