Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо повика на молитва за убиениот италијански свештеник

На крајот од генералната аудиенција во среда 16 септември 2020 година папата Фрањо го спомна убиениот италијански свештеник дон Роберто Малгесини.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Протестите нека бидат мирни и нека се слушне гласот на народот

По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 13 септември 2020 година, Папата се осврна на протестите коисе одржуваат ширум светот поради политички и социјални околности, охрабрувајќи ги да бидат мирни и ослободени од насилство и изрази солидарност и блискост со жртвите од пожарите што го уништија бегалскиот камп Морија на Лезбос.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Повикани сме секогаш да простуваме

Не можеме да очекуваме Бог да ни прости, ако не простуваме на својот ближен – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на 13 септември 2020 година. Неговиот говор го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Предизвиците на миграциските текови бараат нови заеднички одговори

На 10 септември 2020 година во Ватикан папата Фрањо се сретна со учесниците во европскиот проект „Snapshots from the Borders“, чија цел е да придонесе за создавање на нова култура кон мигрантите, заснована на средба и солидарност, и да поттикне поефикасна политика за прифаќање и интеграција во Европа. Границите нека станат простори на меѓусебно збогатување – рече Папата

Ватикан Вести

Папата го прими кардинал Холерих

На 10 септември 2020 година папата Фрањо во приватна аудиенција го прими претседателот на Советот на бискупските конференции на земјите членки на Европската Унија (COMECE), кардинал Жан Клод Холерих – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Вести Свет

Апел на Советот на Епископските конференции на Африка и Мадагаскар

Советот на Епископските конференции на Африка и Мадагаскар на првата годишнина од посетата на папата Фрањо објави порака на охрабрување за заземање за мир, надеж и помирување на што поттикна Папата. Папата Фрањо пред една година беше на апостолско патување во Африка посетувајќи ги од 4 до 10 септември Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус. Советот со оваа порака го повторува апелот на Папата „дека сите мора секогаш да кажеме НЕ на насилството и ДА на мирот, затоа што со војната сè

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Општествената љубов е коренот за излекување на светот

Потребна е општествена љубов, односно љубов без себељубие и лични интереси – рече папата Фрањо за време на катехезата на Генералната аудиенција во среда 9 септември 2020 година одржана во дворот „Свети Дамас“ во Ватикан. Катехезата на папата Фрањо ја пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Апел на Светиот Отец: Младите имаат право на образование

На крајот од Генералната аудиенција во среда 9 септември 2020 година папата Фрањо упати апел во кој се вели:

Ватикан Вести

Папата: Спортот е способен да ги лекува раните и воспоставува пријателски врски

Папата Фрањо се заблагодари на прваците на разни спортски дисциплини кои учествуваа во хуманитарната аукција насловена „Трчаме заедно“ (We run together), организирана со цел помош на болниците во италијанските градови Бергамо и Бреша во сузбивање на болеста Ковид-19.

Вести Свет

Монс. Славко Вечерин именуван за Суботички бискуп

Светиот Отец го прифати повлекувањето од пасторалното водство на Суботичката бискупија, кое поради исполнета канонска возраст ја поднесе бискупот монс. д-р Јанош Пензеш и го именува монс. Славко Вечерин, свештеник на Суботичката бискупија и досегашен генерален викар, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол на празникот Раѓање на Пресвета Богородица, во вторник 8 септември 2020 година.