Папата: Спортот е способен да ги лекува раните и воспоставува пријателски врски

Папата: Спортот е способен да ги лекува раните и воспоставува пријателски врски

Папата Фрањо се заблагодари на прваците на разни спортски дисциплини кои учествуваа во хуманитарната аукција насловена „Трчаме заедно“ (We run together), организирана со цел помош на болниците во италијанските градови Бергамо и Бреша во сузбивање на болеста Ковид-19.

Заедно на 20 мај ја започнавме хуманитарната иницијатива „Трчаме заедно“ како поддршка и израз на благодарност за двете реалности кои се на првата линија за помош на заболените од коронавирусот: болницата Иван XXIII во Бергамо и поликлиниката во Бреша. Денес овде е делегацијата на нивниот персонал. (…) Поздравувајќи ве вас ги поздравувам сите ваши колеги во Италија и во целиот свет кои се жртвуваат заради болните. Нека Бог го награди вашето ангажирање! – со тие зборови папата Фрањо ги поздрави спротистите кои учествуваа во хуманитарниот проект „Трчаме заедно“, а кои ги прими во аудиенција во сабота на 5 септември.

Иницијативата односно аукцијата на спротски предмети, награди и признанија кои ги подарија олимписки и параолимски прваци заврши на 6 август, а се собраа 100.000 евра. Делегацијата на спротисти на адудиенцијата ги придружуваше Џанфранко Раваси, претседател на Папскиот совет за култура.

Папата Фрањо посебни мисли посвети на спортистите од повеќе земји кои учествуваа отворајќи ја вратата на својот дом. Ми беше драго да слушнам некои спортисти што ја отворија вратата на својот дом радосни заради директната средба. Тоа е важно – истакна, да ја отвориш вратата на сопствениот дом значи да го отвориш срцето. Тоа е знак кој зборува: „Ти го отворам срцето!“

Убавината на иницијативата „Трчаме заедно“ се наоѓа во силата на она што Папата го нарече „инклузувен и братски спорт“ способен да гради врски и дададе еднакво достоинство. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот