Tag "Папа Фрањо"
Папата: Мир за маченичката Украина, за народите измачени од војна
Поздравувајќи ги ходочасниците по молитвата Ангел Господов, на празникот на првомаченикот во историјата на Црквата, Папата повторно повика на прекин на конфликтот: „Тука има многу украински знамиња! Да молиме за мир за тој маченички народ!“
Папата во пораката Urbi et orbi: Светот страда поради недостаток на мир
Во традиционалната порака Urbi et orbi – до градот и светот на празникот Рождество Христово, 25 декември 2022 година, папата Фрањо посочи дека Исус доаѓа во свет кој е болен од рамнодушност. Тој ги спомна драматичните ситуации во Сирија, Либан, Мјанмар, Иран, Јемен, Хаити и Африка и го осуди фрлањето на големи количини храна и трошењето средства за оружје. Не користете ја храната како оружје, повика Папата. Тој уште еднаш упати апел за Украина да се стави крај на таа
Папата: Божиќните јасли се повик да му служиме на Исус во сиромашните
Во проповедта на светата Литургија на Божиќната ноќ, 24 декември 2022 година, Папата повика да погледнеме во јаслите каде што се роди Исус, за да направиме нешто добро, да ја заживееме довербата во неговата близина, милосрдието кон последните и надежта на оние кои ја изгубиле. Петровиот наследник предупреди дека луѓето, гладни за моќ и пари, во војните ги јадат дури и своите соседи, нивните браќа .
Папата до ватиканските вработени: Вашата работа нека биде придонес за мирот
Папата, по повод Божиќ, во салата Павле VI. се сретна со вработените во службата на Ватикан и им се заблагодари за нивната работа, посакувајќи им на нивните семејства мир по пандемијата. Посебни размислувања упати на младите за да сфатат дека кризите се чекори за растење
Папата до членовите на Курија: Да бидеме внимателни, демонот секогаш се враќа
Папата Фрањо во својот говор пред Римската курија по повод Божиќното честитање зборуваше за вниманието што треба да се посвети на „пристојните демони“ кои можат да ги заведат оние што ѝ служат на Црквата убедувајќи ги дека преобраќањето повеќе не е потребно. Повторно зборуваше за Украина, за војните во светот и мирот кој започнува од срцето: „Да го положиме сето оружје“ пред Исус кој доаѓа
Папата: Бог не е намуртен судија, туку сочувство и нежност
Често имаме искривена претстава за Бога, рече Папата на Генералната аудиенција: „Неговиот глас не се наметнува, туку е дискретен, полн со почит, понизен и помирлив“. Светиот Отец ги поттикна верниците да го читаат Божјото Слово, кое е „како да добиваме кратки телеграми од Бога; живо присуство кое дава светлина, сила, освежување и го менува животот“
Папата: Моето повлекување е подготвено во случај на сериозен здравствен проблем
Во интервју за шпанскиот весник ABC, папата Фрањо откри дека на почетокот на неговиот понтификат му предал на тогашниот државен секретар Бертоне писмо во кое тој изјавил дека се повлекува од Престолот на Свети Петар во случај на сериозни и трајни здравствени проблеми. Павле VI го направил истото во минатото. Во разговорот Папата ја осудува војната во Украина: „Таа е глобална, не го гледам нејзиниот крај на краток рок“.
Папата: Бидете глас на сиромашните
Примајќи во аудиенција една италијанска синдикална организација, папата Фрањо ја осуди, како што рече, „изопаченоста на работата“, почнувајќи од нееднаковиот третман на жените кои заработуваат помалку од мажите и кои се „гонат“ кога ќе забременат. Тешките работни места сѐ уште се слабо заштитени, посочи Светиот Отец и предупреди за смртни случаи на работното место: „Секоја смрт на работа е пораз за целото општество.
Папата: Ова е тажен Божиќ, Божиќ во војна – ве молам имајте големо срце
Папата Фрањо даде интервју за италијанската телевизија Canale 5, во кое ги изрази своите размислувања за повеќе теми како што се војната во светот, сиромаштвото и Светското првенство.
Загриженост на Папата за ситуацијата во Кавказ и поттик да молиме за Перу и Украина
По молитвата Ангел Господов во недела 18 декември 2022 година, папата Фрањо изрази загриженост за хуманитарната ситуација во Нагорно-Карабах, каде што од 12 декември Азербејџанците го блокираа коридорот Лачин, единствената врска со Ерменија, изолирајќи илјадници луѓе и спречувајќи снабдување со храна и лекови. Тој поттикна на молитвата за Перу, а ја спомна и Украина: „Богородица да ги допре срцата на оние кои можат да ја запрат војната. Да не ги заборавиме страдањата на тие луѓе“.