Tag "Папа Фрањо"
Ангел Господов: Да учиме од Божјата љубов
Во недела, 29 октомври 2023 година, папата Фрањо ја молеше молитвата Ангел Господов од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата со верниците и ходочесниците собрани на плоштадот Свети Петар.
Папата на завршната седница на Синодата: Светиот Дух е протагонист
На завршната седница на првото заседание на XVI Редовното Генерално Собрание на Синодата за Синодалност, која заврши со света Литургија во недела на 29 октомври во Ватикан, папата Фрањо уште еднаш истакна дека Светиот Дух е протогонистот на синодата
Папата: Богородица нека ги вдахнови водачите на народите да бараат патишта за мир
Во скршениот свет, растргнат од војна и страдање, папата Фрањо ги повика верниците да му се придружат во молитвата за мир и помирување. Ја моли Дева Марија, Царицата на мирот, да пружи утеха, водство и мајчинска надеж, која низ историјата видела како нејзините деца поднесуваат болка и загуба. На неа ѝ го посвети „светот, посебно оние земји кои се во војна“.
Генералното собрание на Синода до Божјиот народ: „Црквата мора да ги слуша сите“
Учесниците на 16. редовното Генерално Собрание на Епископската Синода одобрија Писмо до Божјиот народ во кое се заблагодарува за нивното искуство, детално ја опишува работата во изминатите неколку недели и изразува надеж дека во наредните месеци секој ќе може „конкретно да учествуваат во динамиката на мисионерското заедништво означено со зборот „синода““.
Неопходно е да се развијат форми на економија кои ги вклучуваат најранливите
Папата Фрањо испрати порака по повод конференцијата „НИКОЈ НЕ Е ИСКЛУЧЕН. Растеме заедно во порамноправна земја“, организирана од Banca Intesa: финансиите се уметност заснована на доверба во односите, која може да се изгради само преку развој на „култура на средба”.
Телефонски разговор меѓу Папата и турскиот претседател Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се јавил на папата Фрањо и изрази загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, извести дека Папата изразил жалење за она што се случува и потсетил за ставот на Светиот Престол, надевајќи се дека ќе се постигне решение за двете држави и посебен статус за Ерусалим.
Папата: Сакам да размислувам за Црквата како Божји верен народ
Во говорот на почетокот на пленарна седница на Генералното собрание во средата попладне, 25 октомври 2023 година, папата Фрањо го ја опиша Црквата како Божји верен народ, непогрешлив во верата.
Генерална аудиенција: Свети Кирил и Методиј, „Апостоли на Словените“
Единство, инкултурација и слобода, три важни аспекти кои папата Фрањо ги истакна пред верниците на Генералната аудиенција, претставувајќи го сведоштвото на светите Кирил и Методиј, добро познати на христијанскиот исток и созаштитници на Европа. Двајцата „апостоли на Словените“ го проповедале Евангелието на јазикот што го зборувале народите кај кои биле испратени. „Верата мора да се инкултурира и културата мора да биде евангелизирана, секогаш“, рече Папата
Папата апелира за ослободување на заложниците и влез на хуманитарна помош во Газа
Во поздравите до италијанските ходочесници, на крајот од Генералната аудиенција, Папата уште еднаш се осврна на драматичната ситуација на Блискиот Исток и упати апел за Украина и сите области ранети од војна. Во продолжение потсети на Денот на постот, молитвата и покора, на 27 октомври, кога ќе се собереме на молитва за мир во светот.
Папата: Не смееме да се навикнеме на војни, на овие ужаси против Бога и луѓето
Преку својот профил @Pontifex, на платформата Х, папата Фрањо уште еднаш ги осуди конфликтите, „уништувањето на човечкото братство“ во Украина и на Блискиот Исток