Tag "Папа Фрањо"
Папата повика на прекин на огнот во Газа: Се убива иднината на децата
По молитвата Ангел Господов, Папата упати апел за мир поради сериозната ситуација во Израел и Палестина. Нека се направи сѐ за да се избегне ширење на конфликтот, беше неговото барање, насочувајќи ги мислите кон најмалите, жртвите и во Украина и во сите војни во светот. Тој ги спомена и жртвите од земјотресот во Непал, авганистанските бегалци во Пакистан и сите погодени од невремето во Италија.
Ангел Господов: Веродостојните христијани го прават она што го зборуваат и се грижат за својот внатрешен живот
Во пладневниот говор пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо, осврнувајќи се на Исусовите зборови за книжниците и фарисеите кои „зборуваат, но не прават“, ги охрабри сите, особено оние кои имаат обврски во општеството или во Црквата, да немаат „двојно срце“ и да не се занимаваат само со тоа да се покажат однадвор беспрекорни
Молитвена накана на Папата за ноември 2023
Во видео пораката објавена од Папската светска молитвена мрежа, во наканата за ноември 2023 година, папата Фрањо бара од Божјиот народ да се моли за него. Да се биде Папа не значи да се изгуби сопствената човечност“, истакнува тој, додавајќи дека тоа е пат на кој се учи да се биде подобронамерен, помилостив и, пред сè, потрпелив.
Папата верува во „човечката мудрост“ за да се избегне ескалација на војната
Во интервју за италијанската информативна програма Tg1, папата Фрањо зборува за опасноста од глобален конфликт. Зборувајќи на повеќе теми, тој вели дека не смееме да се навикнуваме на војна и ја осуди трговијата со оружје.
Задушница: Папата се моли за „прекинатите“ животи од војната
Додека војните продолжува да беснеат во Газа, Украина, Јемен и на други места, папата Фрањо зборуваше за споменот на покојните и надеж за повторно заедништво со нив во Божјото Царство.
Папата на празникот на Сите светци: Повикани сме на светост
На празникот Сите светци, на 1 ноември 2023 година, папата Фрањо зборуваше за повикот за светост и дeка тој воедно претставува дар од Бога и пат по кој треба да чекориме заедно со нашите браќа и сестри и сите светци кои се наши придружници на ова патување.
Папата повика на молитва за оние кои страдаат од војните
Додека војната сè уште беснее во Појасот Газа, Украина и другите делови на светот, папата Фрањо, по молитвата Ангел Господов, најави дека во четврток, на 2 ноември, ќе служи света Литургија на римските гробишта за загинатите во Втората светска војна од земјите на Комонвелтот
Папата Фрањо: Сонуваме за Црква која им служи на сите
Во недела, 29 октомври 2023 година, папата Фрањо ја предводеше светата Литургија по повод завршувањето на првото заседание на 16-тото Редовно Генерално Собрание на Епископската Синода во базиликата Свети Петар во Ватикан.
Папата Фрањо повика на примирје во Светата Земја
Папата Фрањо во недела, 29 октомври се помоли за крај на насилството во Светата Земја, особено во Газа каде што се одвива хуманитарна катастрофа, како и за ослободување на израелските заложници кои ги држи Хамас.