Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Urbi et Orbi: Луѓето не сакаат оружје, туку леб

Папата Фрањо ја упати традиционална божиќна порака и благослов од ложата на Ватиканската базилика и ги посвети своите мисли на Светата Земја растргната од насилство. Се помоли и за Украина, Сирија, Либан, Јемен, Кореја, Африка. Папата ги осуди бројните масакри на невини во светот, како и трговијата со оружје што ги „влече конците на војните“: „Колку јавни пари се издвојуваат за вооружување?“

Ватикан Вести

Папата на Божиќна света Литургија: Да ги насочиме очите кон вистинскиот Бог

Папата Фрањо ја предводеше полноќната божиќната света Литургија во базиликата Свети Петар, вечерта на 24 декември 2023 година и истакна дека „чудото на Божиќ“ е тоа што бесконечниот Бог „станува конечен заради нас“.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Со Божја добрина, да мислиме на последните и на оние кои се далеку од божиќната радост

Во своето пладневно обраќање, на Бадник, недела 24 декември 2023 година, папата Фрањо се осврна на дел од евангелието според Лука во кое ангелот Гаврил и објаснува на Марија дека Духот ќе слезе врз неа и дека на тој начин таа ќе го зачне Синот Божји и истакна дека Бог делува како нежна љубов која прифаќа, оплодува и штити, без насилство, без нарушување на слободата; поттикна да го правиме истото со прифаќање, заштита и почитување на другите.

Ватикан Вести

Папата ја посети римската парохија Свети Ѓорѓи

На 21 декември во попладневните часови Светиот Отец ја посети XXVII. префектурата на Римската бискупија со цел да разговара со паросите од јужната област на градот. Средбата се одржа во пасторалниот центар Свети Иван Берета Мол, а Римскиот бискуп ги поздрави и волонтерите кои работат со сиромашните, мигрантите и самохраните мајки.

Ватикан Вести

Папата до Римската курија: Само оние кои љубат не престануваат да чекорат кон вистината

Во традиционалниот божиќен говор, Папата размислуваше за три збора кои мора да ја сочинуваат суштината на посланието на оние кои работат во служба на универзалната Црква: да слушаат како Марија „на колена“, да распознаваат како Иван Крстител оставајќи место за Бог далеку од предрасудите, да чекорат како тројцата мудреци без да се изгубат во лавиринтите на ригидноста и просечноста

Ватикан Вести

Папата: Да молиме за Украина, Израел и Палестина

Папата Фрањо во среда 20 декември 2023 година ја одржа својата катехеза во салата Павле VI повика на молитва за Украина, Израел и Палестина и жртвите во Кина, и Гвинеја

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Умереноста води до вистинска радост

Папата Фрањо во среда 20 декември 2023 година ја одржа својата катехеза во салата Павле VI посветена на првата пештера која ја подготвил и осмислил свети Фрањо Асишки уште во Гречио во 1223 година. Откако ги поздрави ходочесниците, тој изрази сочувство за големиот број жртви во земјотресот во Кина и во експлозијата во Гвинеја, а вниманието го насочи кон децата кои најмногу страдаат поради војните во светот.

Ватикан Вести

Папата: Научното истражување насочено кон човекот е од суштинско значење во здравството

Во понеделник, 18 декември 2023 година, папата Фрањо се сретна со делегација од болницата Франческо Миули во италијанската провинција Бари, на југот на Италија, заблагодарувајќи им се за нивните напори да обезбедат здравствена заштита на мигрантите и да обезбедат обука за студентите по медицина.

Ватикан Вести

Папата одобри осум декрети за процеси на канонизација

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток, 14 декември, објави дека за време на аудиенцијата со Дикастеријата за прогласување на светци, префект на Дикастеријата за прогласување на светци, папата Фрањо ја овластил истата Дикастерија да објави осум декрети со кои се признава чудото што им се припишува на двајца чесни слуги Божји, декрет за мачеништво на петмина свештеници и еден семинарист и декрети за херојскиот степен на добродетелно живеење на тројца Божји слуги.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Овој Божиќ да бидеме сведоци на „вистинската светлина“

Храброто сведоштво кое го дава Иван Крстител за Исус е во центарот на неделното пладневно обраќање на Папата.  Светиот Отец забележува дека Господ секогаш испраќа “големи” луѓе кои по примерот на пророкот ни покажуваат како и ние можеме да бидеме “светилка што свети” да им помогне на другите да го најдат патот до средбата со Исус