Ангел Господов: Овој Божиќ да бидеме сведоци на „вистинската светлина“

Ангел Господов: Овој Божиќ да бидеме сведоци на „вистинската светлина“

Храброто сведоштво кое го дава Иван Крстител за Исус е во центарот на неделното пладневно обраќање на Папата.  Светиот Отец забележува дека Господ секогаш испраќа “големи” луѓе кои по примерот на пророкот ни покажуваат како и ние можеме да бидеме “светилка што свети” да им помогне на другите да го најдат патот до средбата со Исус

На третата недела од Адвент, 17 декември 2023 година Литургијата ни го претставува ликот на Иван Крстител како пророк испратен од Бога да сведочи за светлината. Папата Фрањо во своето пладневно обраќање пред молитвата Ангел Господов, пред околу 22.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар, размислуваше за таа мисија со цел потоа да објасни каква “светлина” покажува Иван.

Ivan им одговори и рече: „Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.”

Крстителoт, слободен и храбар, пример за добар живот

Одломката од Евангелието според Иван за Крстителот како доследен и искрен човек; ја нагласува искреноста на неговиот јазик и строгоста на неговиот живот, што ги привлекува луѓето. Иван секако се разликува од другите луѓе од тоа време кои се фокусираат на изгледот, рече Папата и додаде:

Луѓето како него, лесни, слободни и храбри, се прекрасни, воодушевувачки личности; нè поттикнуваат да се издигнеме над просечноста и да бидеме примери за добар живот за другите. Господ испраќа такви мажи и жени во секое време.

Исусе е Светлината, Иван е гласот

Важно е да се знае како да се препознаат тие луѓе и да се учи од нив – додаде Светиот Отец. Тие се прекрасни ликови затоа што се сведоци на таа светлина што ги надминува нив самите. Да не бидеме маѓепсани од помодарски – предупреди Папата.

Светлината е Исус, Јагнето Божјо, „Бог кој спасува“. Само Тој откупува, ослободува, исцелува и просветлува. Еве зошто Иван е „гласот“ кој ги прати браќата кон Словото; тој служи, не барајќи ни чест ни углед; тој е светилката, додека светлината е живиот Христос.

Како да се сведочи вистинското светло?

Примерот на Иван Крстител нè учи најмалку на две работи – забележа Папата – и објасни: Првата е дека не можеме сами да се спасиме; имено, само во Бога ја наоѓаме светлината на животот. Втората е дека секој од нас, преку служењето, доследноста, понизноста и сведоштвото со нашите нашите животи, може да биде запалена светилка која им помага на другите да најдат начин да се сретнат со Исус.

На крајот, папата Фрањо ги поттикна верниците да го постават конкретното прашање како тоа е можно денес, во секојдневниот живот:

Затоа, да се запрашаме: како можам јас, во средината во која живеам, не во некоја далечна иднина туку веќе сега, како е сега, овој Божиќ, да бидам сведок на светлината, сведок на Христос? Не

Марија, огледалото на светоста, нека ни помогне да бидеме мажи и жени кои го одразуваат Исуса, светлината што доаѓа во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот