Tag "Папа Фрањо"
Папата ги предводеше обредите на Велики Петок
Папата Фрањо на Велики Петок го предовдеше обредот на маката и поклонувањето на Крстот во базиликата Свети Петар, каде чудотворниот крст од црквата Свети Марсело беше покриен, а во текот на обредот откриен и беше одржано поклонување на крстот, но не и целивање на крстот.
Папата молеше Крстен пат на плоштадот Свети Петар
Древниот обичај на побожноста Крстен пат, кој на Велики Петок традиционално се одржуваше кај познатиот римски Колосеум со присуство на голем број верници и поклоници, оваа година беше на празниот плоштад пред базиликата Свети Петар со постојки покрај колонадите, околу обеликсот и на крајот на просторот кој води до базиликата.
Папата ја предводеше Литургијата Вечера Господова на Велики Четврток
Папата Фрањо на Велики Четврток ја предводеше Миса Вечера Господова во базиликата Свети Петар во Ватикан, одавајќи посебно признание на свештениците кои служат на заболените од коронавирусот.
Папата: Крстот и Евангелието нека бидат наша домашна Литургија
На Генералната аудиенција одржана во библиотеката во Апостолската палата Папата Фрањо ги охрабри верниците да ги отворат своите срца кон распнатиот Исус во молитва, гледајќи во крстот и размислувајќи за Евангелието. Така ќе сфатиме дека не сме сами, затоа што Господ никогаш не нè напушта и никогаш не нè заборава.
Папата: Да молиме за денешните Јуди
Да молиме за луѓето кои во ова време на пандемија тргуваат со оние во потреба, ги искористуваат потребите на другите и ги продаваат. Да молиме за мафијашите, лихварите и многу други. Господ нека го допре нивното срце и нека ги преобрати – рече папата Фрањо на 8 април 2020 година за време на светата Литургија во домот „Света Марта“.
Заедиштвото помага и пред стравот од зараза
Размислувањето на психотерапет Кјара Д’Урбано за молитвата на папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта за оние кои се премногу исплашени од коронавирусот и не успеаваат да реагират. Кој има повеќе внатрешна сила – вели – треба да ја стави во служба на оние кои за тоа не се во состојба.
Распоред на богослужбите за време на Страстната седмица во Ватикан
Заради вонредната ситуација која се создаде со пандемијата од болеста Ковид-19 и водејќи сметка за одредбите кои ги даде Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина со Одлуката од 25 март 2020 година се покажа потребно да се усогласат претстојните литургиски славења кои ќе ги предводи Светиот Отец Фрањо, како распоредот на славењата така и во поглед на учеството, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата Фрањо испрати порака до римската еврејска заедница за празникот Пасха
Папата Фрањо испрати порака до римската еврејска заедница за празникот Пасха, нагласувајќи ја желбата да се продлабочат „пријателските врски и завземањето за оние што се во потреба, особено во овие моменти на искушение“.
Првото прашање кое Исус ќе ни го постави ќе биде: Каков е твојот однос кон сиромашните?
На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо посебни мисли повторно посвети на затворениците и на големиот проблем на пренатрупаност во затворите и се молеше одговорните да пронајдат решение. Во проповедта зборуваше за сиромашните, за жртвите на неправдата на светските економmсkи политики и потсети дека на крајот од животот ќе ни се суди според нашиот однос кон сиромашните.
Папата Фрањо: Со вера да појдеме во Страсната седмица
Драги пријатели, да започнеме со вера во Великата седмица за време на која Исус го поднесува страдањето, умира и воскреснува – поттикна Светиот Отец и додаде: Поединци и семејства кои не можат да присуствуваат на литургиските славења поканети се да учествуваат на молитва од својот дом, со помош на технологијата.