Папата молеше Крстен пат на плоштадот Свети Петар

Папата молеше Крстен пат на плоштадот Свети Петар

Древниот обичај на побожноста Крстен пат, кој на Велики Петок традиционално се одржуваше кај познатиот римски Колосеум со присуство на голем број верници и поклоници, оваа година беше на празниот плоштад пред базиликата Свети Петар со постојки покрај колонадите, околу обеликсот и на крајот на просторот кој води до базиликата.

Крстот го носеа две групи луѓе: затвроеници од затворот Due Palazzi во Падова и нивните семејства, волонтери, болничари, воспитувачи, полицајци, судии. Некои од нив по желба на папата Фрањо ги напишаа медитациите за 14. постојки од Крстниот пат, во кои се испреплетуваат многу сведоштва за доброто и злото, маката и болката, смртта и преопораѓањето, срамот, довербата и надежта и кога животот зад решетки не нуди никакви перспективи. На нив им се придружија лекари и болничари од Ватиканската здравствена служба, кои се на првата линиија во помагањето на погодените од пандемијата на коронавирусот.

Зарипнатите гласови на затворениците оддекнуваа на пранзиот, но убаво осветлен плоштад. Сите постојки беа впечатливи. Најемотивен беше заедничкиот плач на доживотно осудениот затвореник, кој убил девојка и плачот на нејзините родители. Тој се чувствува како Варава, Петар и Јуда, но повеќе не се срами пред невиниот Исус, затоа што дојде да го побара како би го научил да живее.

Слични лични приказни пренесоа и затворениците. Меѓу посилните сведоштва е и она од еден свештеник, кој било осуден на затворска казна, иако претходно бил прогласен за невнин, но после осум години признава за своето злосторство. Тој посведочи дека повеќе пати помислувал на самоубиство, но прикован на крстот неговиот живот наеднаш се просветлил.

Смртта се сретнува во многу ќелии, сведочи еден капелан, истакнувајќи дека затворот закопува живи луѓе. Тие приказни никој не сака да ги слушне. Меѓутоа Христос му повторува: Продолжи, не запирај. Преими ги во прегратка. Не можам да не го послушам, затоа што и во најлошиот човек секогаш се наоѓа Христос. Ниту еден грев го нема последниот збор, затоа што во затворот и најлошиот човек може да стане подобар – посведочи еден стражар и додаде дека тоа зависи и од него, затоа што неговата работа не смее да се сведи само на отворање и затворање на вратите од ќелијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот