Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Секогаш кога молиме и Исус моли со нас

На Генералната аудиенција во среда 28 октомври 2020 година папата Фрањо зборуваше за Христовото крштение на реката Јордан. Со својата молитва, објасни Папата, Исус отвори ‘премин’ на небото како би го донеле Бог и на оние кои се чувствуваат недостојни, во било која ситуација од животот. Катехезата на папата Фрањо ја пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата се моли за убиените ученици во Камерун

Се придружувам на болките на семејствата на малите деца кои брутално се убиени минатата сабота во Кумба – Камерун. Останав згрозен од тој брутален и безумен чин со кој се прекинати животите на невините дечиња за време на наставата во училиште – рече папата по завршувањето на катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 28 октомври 2020 година .

Ватикан Вести

Нов апел на Папата за зајакнување на солидарноста во Европа

По повод 40 годишнината од основањето на Советот на епископските конференции на земјите од Европската Унија (COMECE), 50 години од дипломатските односи на Светиот Престол и Европската унија и 50 годишнина од присуството на Светиот Престол како постојан набљудувач во Советот на Европа, папата Фрањо упати писмо до својот државен секретар кој од 28 до 30 октомври требаше да престојува во Брисел.

Ватикан Вести

ЦНА јавува дека папата Фрањо божиќните свети Литургии во Ватикан ќе ги слави без верници

Во писмото кое Државниот секретаријат го испрати до амбасадорите акредитирани при Светиот Престол, пишува дека папата Фрањо Литургиите во божиќното време ќе ги прослави „во приватен облик без присуство на членовите на дипломатскиот кор.“

Ватикан Вести

Изненадување и нова одговорност се првите зборови на новите кардинали

Изненадување и чувство за нова одговорност. Ова се првите зборови на новоименуваните кардинали откако се најдоа на пописот на оние кои папата Фрањо ќе ги вброи во Кардиналскиот колегиум на следниот конзисториум, кој ќе се одржи на 28 ноември.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Го љубиме Бога, ако го љубиме ближниот

Пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар на 25 октомври 2020 година папата Фрањо го коментираше неделното Евангелие од Матеј во кое законикот го прашува Исус која заповед е најголема од сите во законот. Една од главните новости на Исусовата наука е дека преку вистинскиот однос со Бог настанува и вистинската љубов кон ближниот. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата: Целосната екологија бара длабоко внатрешно преобраќање

Во пораката до учесниците на конференцијата EcoOne еколошка иницијатива на Движењето на фоколарите, папата Фрањо истакна дека премногу е потребен нов и повклучлив општествено-економски поредок и дека треба да се прекине логиката на искористувањето и егоизмот.

Ватикан Вести

Папата: Без мајки светот нема иднина

Примајќи ги во аудиенција професорите и студентите од Папскиот теолошки факултет „Marianum“ папата Фрањо истакна дека времето во кое живееме, е Маријанско време; Таа е мајка која го обновува животот и жена која води грижа за Божјиот народ. Колку жени го немаат достоинството кое им припаѓа – истакна Папата.

Вера Проповеди

„Fratelli tutti“ – социјална енциклика на папата Фрањо

Братство и општествено пријателство се патиштата на кои Папата упатува за да се изгради подобар свет, поправеден и помирољубив и тоа со ангажирање на сите: на народот и на институциите. Повторно силно истакнува „не“ на војната и глобализација на рамнодушноста.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Да не живееме и да не молиме како да не постои Бог и сиромашните

Во катехезата на Генералната аудиенција во среда 21 октомври 2020 година папата Фрањо го заврши размислувањето за псалмите, вклопено во серијата катехези за молитвата и истакна дека Книгата Псалми нѐ учи да го повикаме Бог за себе, но и за браќата и светот. Исто така објасни дека мерките на претпазливост од надлежните се за да се спречи ширењето на заразата, па затоа не може да слезе и да се поздрави со верниците. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост.