Ангел Господов: Го љубиме Бога, ако го љубиме ближниот

Ангел Господов: Го љубиме Бога, ако го љубиме ближниот

Пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар на 25 октомври 2020 година папата Фрањо го коментираше неделното Евангелие од Матеј во кое законикот го прашува Исус која заповед е најголема од сите во законот. Една од главните новости на Исусовата наука е дека преку вистинскиот однос со Бог настанува и вистинската љубов кон ближниот. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри!

Во денешниот дел од светото Евангелие (сп. Матеј 22,34-40) еден законик го прашува Исус ‘која заповед е најголема’, односно која е главна заповед на целиот Божји Закон. Исус едноставно одговара: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум. И веднаш додава: А втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!“

Исус во одговор ги повторува и обединува основните заповеди кои Бог ги дава на својот народ преку Мојсеј (сп. 5 Мојсеева 6,5; 3 Мојсеева 19,18). И така ја избегнува замката која му е поставена за да го „искушува“. Неговиот соговорник, имено се обидува да влезев со расправија која се водела меѓу добрите познавачи на Законот за хиерархијата за заповедите. Но Исус поставува два важни темели за верниците за сите времиња, два темели на нашиот живот. Првиот е дека моралниот и верскиот живот не може да се сведе на вознемирена и присилна послушност. Ги има такви кои настојуваат заповедите да ги извршат на вознемирен и присилен начин, а Исус ни дава до знаење дека моралниот и религиозниот живот не може да се сведе на вознемирена и присилна послушност, туку како исход мора да ја има љубовта. Вториот темел е дека љубовта мора да се стреми воедно и неразделно кон Бог и ближниот. Тоа е една од главните новости на Исусовото учење и ни помага да сфатиме дека не е вистинска љубов кон Бог онаа која не се натпреварува во љубовта кон ближниот и исто така не е вистинска љубов кон ближниот онаа која не извира од односот со Бог.

Својот говор Исус го завршува со зборовите: „На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.“ Тоа значи дека сите заповеди кои Господ ги дава на својот народ мора да бидат поврзани со љубов кон Бог и ближниот. Имено, сите заповеди служат за тоа да се спроведе во дело и да се изрази таа двократна неделива љубов. Љубовта кон Бог се искажува пред сѐ во молитвата, посебно во поклонувањето. Ние наголемо го занемаруваме поклонувањето на Бог. Упатуваме благодарни молитви, прозби со кои нешто бараме… но го занемаруваме поклонувањето. А поклонувањето на Бог всушност е срж на молитвата. Љубовта кон ближниот, која се нарекува и братска љубов, се состои од близина, слушање, споделување со другите, грижа за другиот. Колку пати пропуштаме да го сослушаме другиот затоа што е досаден или затоа што ни одзема време, колку пати пропуштаме да му помогнеме, да бидеме со него во неговите јадови и искушенија… Но секогаш наоѓаме време за озборување, секогаш! Немаме време да ги тешиме ожалостените, но имаме доволно време за озборување. Пазете се од тоа! Апостолот Иван пишува: Кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? (1 Иван  4, 20).

Во денешното Евангелие Исус уште еднаш ни помага да дојдеме до живиот извор од кој извира Љубов. А тој извор е самиот Бог кој треба да се љуби во заедништво кое никој и ништо не може да го раскине. Во заедништвото кое е дар за кој секој ден треба да молиме, но и лично посветено залагање во својот живот да не станеме робови на идолите од овој свет. А потврда за тоа дали сме на патот на преобраќање и светост е љубовта кон ближниот. Во тоа се состои таа проверка: Ако вели „го љубам Бог“, а не го љубам својот ближен, тоа не оди. Ако го љубам Бог дали тоа се покажува преку тоа што го љубам ближниот. Сѐ додека има еден брат или сестра за кои ги затвораме срцето ќе бидеме далеку од ученици како што Исус од нас бара. Но неговото божествено милосрдие не ни дава да се обесхрабриме, туку напротив, нѐ повикува секој ден да започнеме одново доследно да го живееме евангелието.

Застапништвото на Пресвета Марија нека ни го отвори срцето да ја прегрнеме таа „голема заповед“, двократна заповед на љубов на која се крепи целиот Божји закон и од кои зависи нашето спасение.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот