Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Христијанскиот живот не е лесен, но Исус е секогаш со нас

По долго време повторно во присуство на поклоници, папата Фрањо ја искажа својата радоста на Генералната аудиенција поради личната средба со луѓето и нивните животни приказни. Во катехезата тој објасни дека христијанскиот живот не е лесен, но Исус е секогаш со нас. Потсети и на еден настан во Аргентина, за еден татко кој тагувал поради болеста на неговата ќерка, кого, по една ноќ помината во молитва пред базиликата во Лухан, Богородица му ја услиша молитвата. Тој го спомна и Свети

Ватикан Вести

Папата потести на атентатот врз свети Иван Павле II и молитвата Света Бројаница

После катехезата на Генералната аудиенција во среда 12 мај 2021 година, поздравувајќи ги полските верници, Светиот Отец потсети дека на 13 мај е празникот Богородица од Фатима. Да се ставиме со доверба под нејзината мајчинска заштита, особено кога наидуваме на тешкотии во нашиот молитвен живот – рече Петровиот наследник. Покрај тоа, тој истакна дека на 13 мај е и 40-годишнината од атентатот врз Свети Иван Павле II. Тој самиот истакна дека својот живот и го должи на Богородица од Фатима.

Ватикан Вести

Папата: Моделите на здравствените системи да бидат отворени за сите

Во видео порака до учесниците на меѓународната конференција одржана со наслов „Истражување на умот, телото и душата“ папата Фрањо ја нагласува важноста на интердисциплинарното истражување за подобро разбирање на нашата човечка природа.

Ватикан Вести

Папа Фрањо формира лаичка катехетска служба

„Antiquum ministerium“ е наслов на посебниот Папски документ (Motu proprio), објавен на 11 мај 2021 година, со кој папата Фрањо формира лаичка катехетска служба, дефинирајќи ја како итна потреба за евангелизација во современиот свет.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Летонија

Во контекст на одбележувањето на стогодишнината од дипломатските односи, соговорниците ја истакнаа улогата на Црквата во поддршката на вистинскиот хуманизам, отворен за духовната димензија.

Ватикан Вести

Апел на Папата за Ерусалим и молитва за Колумбија и жртвите од атентатот во Кабул

По молитвата Царице небесна на 9 мај 2021 година, папата Фрањо изрази посебна загриженост за зголемените тензии во Ерусалим, град со мултирелигиозен и мултикултурен идентитет и ги гарантираше неговите молитви градот да биде место на средба, а не на конфликт. Тој побара заеднички решенија. Го осуди атентатот во Кабул, во кој загинаа многу девојки и ја спомена Колумбија, каде владеат тензии и насилство.

Ватикан Вести

Царице небесна: Исус нè учи да не сакаме со зборови, туку со дела

Во недела 9 мај 2021 година, пред молитвата на Царице небесна, папата Фрањо истакна дека Исус нè повикува да останеме во неговата љубов.„Останувањето во Господовата љубов“ доведува до целосна радост и токму во живеењето на таа радост станува знак преку кој се разликуваат христијаните, рече Светиот Отец. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата: Вирусот на индивидуализмот нѐ прави рамнодушни за страдањето на другите

Со духот на праведноста и заедништвото можеме да ги победеме нашите индивидуалности и да го промовираме општото добро – истакна папата Фрањо во видео пораката по повод иницијативата „Vax Live – Концерт за обединување на светот“ (Vax Live – The Concert To Reunite the World), настан снимен во Лос Анџелес за Јутјуб каналот со кој претставниците на светот на забавата и институциите сакат да поддржат праведна распределба на вакцината против коронавирусот.

Вести Македонија

Онлајн средба по повод посетата на Папата во Македонија

На 7 мај 2021 преку Зум апликацијата се одржа онлајн конференција по повод втората годишнина од посетата на Папата во Македонија со особен осврт на неговата средба со младите.

Вести Македонија

Благодараствена света Литургија по повод втората годишнина од посетата на папа Фрањо на Македонија

По повод втората годишнината од Апостолската посета на Светиот Отец папата Фрањо на Македонија на 7 мај 2021 година во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх служеше благодарствена света. Литургија, во сослужение на катедралниот парох дон Паво Шеќерија, канцеларот на Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија о. Марјан Ристов и дон Томаш Бак, парох во Куманово.