Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Вести Свет

Раце за да месат, нозе за да одат и очи за средба

Заради кризата која ја предизвика болеста Ковид-19, волонтерите од Заедницата Лаудато Си од Ступиниги на периферијата на Торино започнаа проект „Пекара на солидарноста – да го замесиме човештвото“, печејќи леб и делејќи го бесплатно на семејствата кои најмногу се погодени од кризата.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Расеаност, сувост и мрзеливост

За време на Генералната аудиеннција на 19 мај 2021 година, која се се одржа во дворот Свети Дамас, папата Фрањо ги поттикна верниците да ја упатат молитвата „зошто“ до небесниот Отец како што тоа го прави детето со својот татко и да одат напред дури и во тешки времиња. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Поделбите нѐ не спречуваат да бидеме браќа

Папата Фрањо испрати видео порака до учесниците на онлајн средбата на Италијанскиот харизматски совет кој го сочинуваат католици и пентекосталци во Италија потсетувајќи на дијалогот започнат во 1992 одина и инсистирајќи на вредностите на заедничкото служење и братство.

Ватикан Вести

Папата ќе ги посети L´Osservatore Romano и Радио Ватикан

Следниот понеделник, на 24 мај, папата Фрањо ќе го посети седиштето на Радио Ватикан и полуслужбениот ватикански дневник L´Osservatore Romano, објави на 18 мај директорот на канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го прими американскиот комесар за клима

Во саботата на 15 мај  папата Фрањо го прими американскиот комесар за клима Џон Кери.

Ватикан Вести

Започна „Неделата на Лаудато Си“ – Повик на Папата за учество

По молитвата Царице небесна во текот на пладневниот наговор во неделата на 16 мај, папата Фрањо ја истакна важноста на тие тие седум дена кои се пригода да научиме да го слушаме крикот на земјата и сиромашните. Бројни се иницијативите на програмата во рамките на тој настан кој ќе заврши на 25 мај, со официјаниот почеток на Платформата на иницијативата Лаудато Си.

Ватикан Вести

Папата го прими иранскиот министер за надворешни работи и разговараше со турскиот претседател Ердоган

Во понеделникот на 17 мај во Ватикан папата Фрањо го прими иранскиот министер за надворешни работи Јавад Зариф, а во утринските часови телефонски разговараше со турскиот претседател Таип Ердоган.

Ватикан Вести

Царице небесна: Исусовата молитва кон Бог е наша радост

Исусовата молитва кон Бога е наша радост – истакна папата Фрањо во недела 16 мај 2021 година пред молитвата Царице Небесна на плоштадот Свети Петар и истакна – Исус во новиот облик засекогаш ќе остане со своите ученици и со нас.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Малолетниците треба да се заштитат од „психолошкото убиство“ на злоупотреба

Папата Фрањо ја охрабри работата на здружението Метер во сузбивањето на педофилијата и истакна дека со својата великодушна работа придонесоа за видливоста на Црквата кон најмалите и најслабите. Треба да се искорени таа култура и да се бори против старите навики на прикривање на сѐ.

Ватикан Вести

Папата Фрањо апелираше за мир помеѓу Израелците и Палестинците

Папата Фрањо со голема загриженост го следи насилството во Светата Земја и ги повикува одговорните да ја прекинат вревата на оружјето и да тргнат по патот на мирот, со помош на меѓународната заедница.