Tag "Папа Фрањо"
Ангел Господов: Духот Свети сака отвореност, заедница во која има место за сѐ
Во пладневниот наговор пред молитвата Ангел Господов на 26 септември 2021 година папата Фрањо истакна дека стравот на затворањето е коренот на голем број зла во историјата и ја поттикна Црквата да биде таа која прифаќа сѐ, а не таа која е само за најдоброто, бидејќи Духот Свети сака отвореност, заедница во која има место за сите луѓе.
Папата по повод Собранието на CCEE: Да и помогнеме на денешна Европа, исцрпена од замор
Годишното генерално собрание на Советот на европски бискупски конференции (CCEE), кое оваа година слави 50 години, започна со света Литургија предводена од папата Фрањо во базиликата Свети Петар.
Синодата во фокусот на онлајн состанокот на папата Фрањо и Кардиналскиот совет
Синодата на епископите беше темата на онлајн состанокот на Кардиналскиот совет и папата Фрањо кој се одржа во вторникот на 21 септември во попладневните часови, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Генерална аудиенција: Патувањето во Унгарија и Словачка беше ходочастие на молитва, корените и надежта
Патувањето на Папата во Унгарија и Словачка заврши пред само една недела. Светиот Отец на денешната Генерална аудиенција зборуваше за посетата дека е поклонение на молитва, поколонение на корените, поклонение на надежта.
Папата: Слободата и разликите се застрашувачки, блискоста со Божјиот народ ќе нѐ спаси
Стравот да се биде слободен, опасностите од апстрактното во споредба со конкретниот живот, стилот на близина со Божјиот народ. Ова се некои од темите опфатени во разговорот на папата Фрањо со словачките Исусовци, известува списанието за Исусовците La Civiltà Cattolica.
Папата: Во Крстот, Божјата милост го опфаќа секој аспект на човештвото
Во писмо до поглаварот на отците Пасионисти, папата Фрањо изразува надеж дека Меѓународниот теолошки конгрес „ќе придонесе за обновено на разбирањето на современите предизвици во светлината на Мудроста на крстот“.
Литургиски прослави кои ќе ги предводи Светиот Отец во септември и октомври
Во наредните месеци, Светиот Отец ќе предводи свети Литургии по повод три значајни настани. Во четврток, 23 септември во 17.00 часот, Светиот Отец во базиликата Свети Петар ќе ја предводи Литургијата заедно со членовите на Советот на европските бискупски конференции. Во октомври, по повод Епископската синода, тој најпрво ќе ја предводи светата Литургија во базиликата на 10 октомври во 10.00 часот. Во недела, 17 октомври пак ќе ја предводи светата Литургија 9.00 часот, на која ќе има и епископска хиротонија.
Ангел Господов: Сакаш да бидеш прв? Служи!
Зачудувачка реченица: „Која сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите – слуга!” (Марко 9,35) Исус ги превртува критериумите на она што навистина е важно. Папата Фрањо во говорот пред молитвата Ангел Господов со народот на 19 септември 2021 година го толкуваше Евангелието за неделната Литургија (Марко 9,37), истакнувајќи дека во Божјите очи големината и успехот се мерат со служењето.
Апели на Папата по молитвата Ангел Господов
По молитвата Ангел Господов во неделата на 19 септември 2021 година папата Фрањо ги спомна жртвите од поплавите во Мексико, се молеше за неправедно затворените и упати поздрав до учесниците на прославата на 175 годишнината од Објавата на Пресвета Богородица во светилиштето La Salette во Франција.
Папата до верниците од Рим: Сериозно сфатете ја синодата
Како што знаете наскоро започнува синодата, одење во кое целата Црква ќе размислува за темата синодална Црква – за заедништвото, учеството и посланието. Многу е важно Римската бискупија да биде одлучна и посветена на тој пат. Тоа се зборовите на папата Фрањо како бискуп на Рим до верниците на неговата бискупија. Се сретна со 400 од нив од разни парохии во салата Павле VI.