Tag "Папа Фрањо"
Папата жали за трагедијата на мигрантите во Мелила и Тексас
Папата Фрањо на Твитер изрази сочувство за двете неодамнешни трагедии што ги погодија мигрантите во Мелила и САД, а упати и молитви за жртвите. Папата го повикува Господ да ни ги отвори срцата и такви несреќи никогаш повеќе да не се повторат.
Папата ги поттикна младите добро и одговорно да го искористат слободното време
Во видео порака објавена во Соренто во рамки на неделата посветена на првиот светски самит на кој младите се среќаваат со лидерите на секторот за туризам, папата Фрањо ги поттикнува младите да го искористат слободното време без да заборават да учествуваат во иницијативи за солидарност, помош во семејствотот и димензијата на молитвата.
Папата до неокатехумените: Одете заедно со епископот, тој е поглавар на локалната црква
Папата Фрањо во понеделник 27 јуни 2022 година во салата на Павле VI ги прими членовите на Неокатехуменскиот пат и испрати 430 семејства во послание во најсиромашните и најсекуларизираните области во светот: „Ви благодарам на вашата великодушност. Одете заедно со епископот, тој е поглавар на локалната црква“.
Папата Фрањо ја спомна убиената сестра Луиза Дел Орто
На крајот од молитвата Ангел господов на 26 јуни 2022 година, папата Фрањо ја спомена сестра Луиза Дел Орто од Малите сестри од Евангелието, која во сабота 25 јуни 2022 година, на 65 годишна возраст, беше убиена во Порт-о-Пренс, Хаити, каде што делуваше.
Ангел Господов: Смиреноста и трпението на Исус се начин да се прави добро, дури и среде тешкотии
Во размислувањето пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо се осврна на негативниот став што се појавува кај нас кога дарувајќи се за добро, наидуваме на затворена врата или недоразбирање. Тогаш стануваме одмаздољубиви и нетолерантни. Да се следи Исус значи да се оди напред, решително, во нашата посветеност, мирно и трпеливо, не попуштајќи ни најмалку при правењето добро.
Молитви на Папата за Еквадор и Украина
Еквадор и Украина се земјите на кои папата Фрањо потсети на крајот од молитвата Ангел Господов, во недела 26 јуни 2022 година. Еквадор се соочува со социјални тензии кои доведоа до немири и насилство; а во Украина продолжува бомбардирањето.
Папата до семејствата: Црквата е со вас, Црквата е во вас!
Привршува 10. Светска средба на семејствата во саботата доцна попладне, 25 јуни 2022 година, на плоштадот Свети Петар со света Литургија, која ја служеше префектот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, кардинал Кевин Фарел, во присуство на Светиот Отец. Папата Фрањо во својата проповед истакна дека семејството е првото место каде што учиме да љубиме.
Во Рим започна 10. Светска средба на семејства
Десеттата светска средба на семејствата започна во среда, на 22 јуни, во Рим со Фестивал за семејства со учество на папата Фрањо.
Редовниот состанок на Кардиналскиот совет се одржа преку интернет врска
Јунскиот состанок беше посветен на спроведувањето на новата Апостолска конституција за Римската курија и подготовките за конзисториумот што треба да се одржи кон крајот на август.
Папата: Екуменизмот на заедничкото одење се постигнува со одење, а не само со идеи
Папата Фрањо се сретна со членовите на Меѓународната мешовита комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката црква и Источните православни цркви.