Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата во ноември ќе ги посети Јапонија и Тајланд

Од 19 до 26 ноември папата Фрањо ќе биде во апостолска посета на Тајланд и Јапонија на покана на властите и локалните епикопи – најави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.

Ватикан Вести

Папата упати писмо до екуменскиот патријарх за моштите на свети Петар

Во писмото кое го испрати до екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј I, папата Фрањо објасни зошто му подари неколку делчиња од моштите на свети Петар.

Ватикан Вести

Патувањето на Папата во Африка беше обележано со радост, надеж и одговорност

Заврши патувањето на Папата во Мозамбик, Мадагаскар и Маврициус и по тие денови останаа впечатоците, радосните лица на децата, жените и мажите, кои го придружуваа папата Фрањо по правливите и калливи патеки на Мапуто и Антананариво и кои ги организираа прекрасните литургии кои се славени во трите земји.

Ватикан Вести

Прес-конференција на папата Фрањо во авионот при неговото враќање од Африка

Два часа по полетувањето од аеродромот „Антананариво“ на патот за Рим, папата Фрањо се состана со новинарите кои патуваа со истиот авион и им зборуваше повеќе од еден час одговарајќи на нивните прашања.

Ватикан Вести

Папата ја заврши Апостолската посета на Африка

Во вторник, 10 септември папата Фрањо го заврши своето 31. Апостолско патување надвор од Италија на кое од 4 до 10 септември посети три земји на југоистокот на Африка: Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус.

Ватикан Вести

Мадагаскар: Папата се сретна со свештениците

На крајот од апостолската посета на Мадагаскар, папата Фрањо се сретна со свештениците, монасите и монахињите, со богопосветените лица и со семинаристите, и ги поттикна да не дозволат да им ја украдат надежта. Не поминувајте часови зборувајќи за успесите и неуспесите, им рече Папата – туку сузбивајте го злото „во Исусово име.“

Ватикан Вести

Мадагаскар: Папата Фрањо во Градот на пријателството

Папата во Мадагаскар го посети „Градот на пријателството“ на хуманитарното здружение Акамасо, пример за солидарност и евангелска љубов кон последните. На таа идеја пред 30 години доаѓа мисионерот отец Педро Опека од Аргентина, со желба на најсиромашните да им обезбеди кров на главата. Вашите крикови – рече Папата, се претворија во песни за надеж за вас и за сите оние кои вас ве гледаат.

Ватикан Вести

Маврициус: Младите се првото послание на Црквата

Служејќи света Литургија во Порт Луис, главниот град на Република Маврициус, папата Фрањо зборуваше за младите и евангелизацијата; ја поттикна Црквата да оди понатаму од денешните световни сигурности и да им помогне на младите конкретно да ги живеат блаженствата и да ја најдат својата среќа во Исус преку проектите на христијанскиот живот кој се остварува со радост.

Ватикан Вести

Маврициус: Папата ги поттикна властите да ја покажат вредноста за служење на општото добро

Папата Фрањо се обрати пред властите, претставниците на граѓанското општество и дипломатскиот кор на островската нација во претседателската палата во главниот град на Маврициус. По состанокот, Светиот Отец се упати кон аеродромот од каде отпатува за Антананариво

Ватикан Вести

Папата во Мадагаскар: Пред сиромаштвото христијанинот не смее да седи со скрстени раце

На периферијата од Антанариво, во Мадагаскар, во недела 8 септември 2019 година на светата Литургија со папата Фрањо учествуваа милион верници. Светиот Отец ги поттикна да не се затвораат во својот мал свет, во својот клан и во лажната сигурност како што се парите и моќта, туку да се отворат за другите како би можеле да уживаат во новиот живот.