Мадагаскар: Папата се сретна со свештениците

Мадагаскар: Папата се сретна со свештениците

На крајот од апостолската посета на Мадагаскар, папата Фрањо се сретна со свештениците, монасите и монахињите, со богопосветените лица и со семинаристите, и ги поттикна да не дозволат да им ја украдат надежта. Не поминувајте часови зборувајќи за успесите и неуспесите, им рече Папата – туку сузбивајте го злото „во Исусово име.“

Посветната личност живее фалејќи Го Господ, во состојба е насекаде да го препознае Неговото присуство и сака секогаш да живее покрај Него. Ако напротив се препушти на претерана грижа за своите простори на самостојност и опуштеност, и ако своите задачи ги живее единствено како додаток во животот, таа личност би можела да стане „занаетчија за светот“ и да дозволи да и ја украдат мисионерската радост – им рече папата Фрањо на свештениците, мoнасите и монахињите, на богопосветените лица и семинаристите, со кои се сретна на крајот од својата посета на Мадагаскар во Заводот свети Михаил во Антананариво кој во 1888 година кои го основаа француските исусовци.

Светиот Отец на почетокот на говорот ги поттикна присутните со благодарност да си спомнуаат на сите кои не се плашeле и кои знаеле да се доверат на Исус Христос и на Неговото Царство. Тие се корените на евангелизацијата на овој простор, а вие сте наследството, рече Папата и ги спомна мoнашките заедници, епископите, свештениците и посветените лица кои заедно со голем број лаици во тешките времиња на прогони го одржувале пламенот на верата на овие простори.

Папата не ги заборави условите во кои живеат голем број свештеници и посветените лица, без вода, електрична енергија, без улици и средства за комуникација, па и финансиски средства за живот и пасторални активности. И покрај сѐ остануваат без својот народ – истакна заблагодарувајќи им се за нивното сведоштво.

Спомнувајќи го својот апостолски поттик „Evangelii gaudium“, Папата ги предупреди да не паднат во искушението и со часови да зборуваат за успесите и несупесите, за користа од нивното делување или за влијанието кое можат да го имаат. Уште повеќе нивното послание е да го победат злото „во Исусовото име“, кога почунваат да го фалат Отецот небесен, кога посетуваат болни, ја донесуваат утехата на помирувањето, кога ќе нахранат некое дете или пронајдат работа за татко на некое семејство.

Бог ни помага да го растераме влијанието на зли духот – рече Папата и поттикна – таму каде нѐ повикува да се фатиме за еконоската сигурност, просторите за моќ и човечка слава, да одговориме со расположливост и евангелско сиромаштво. Да не дозволиме да ни ја украдат мисионеркста радост! (…) Блажена Црквата на сиромашните и за сиромашните затоа што живее исполнета со мирисот на својот Господ, живее радосна навестувајќи ја Радосната вест на отфрлените на земјата, на Божјите миленици – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот