Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо до Витезите на Колумбо: Бидете знак на Божјата љубов

Папа Фрањо вчера ги прими во аудиенција членовите на Витезите на Колумбо, редот кој пред 100 години го востанови чесниот слуга Божји отец Мајкл Мек Гивни, и им се заблагодари за нивната посветеност во корист на христијанските заедници на Блискиот Исток, жртвите на војни, сиромаштвото и прогонствата.

Ватикан Вести

Осврт на пораката на папата Фрњо за 28. Светски ден на болните

Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам – (Матеј 11,28) – од оваа реченица од Евангелието според Матеј папата Фрањо ја гради пораката за 28. Светски ден на болните, кој се одбележува на 11 февруари. Токму во тоа ‘дојдете при мене’ се гледа милосрдното Исусово однесување кон ранетото човештво, оној негов поглед кој продира во длабочина, кој прифаќа и нежно лекува. Папата во пораката го истакнува пристапот до болниот, кој освен лекување на телото, има

Ватикан Вести

Папата апелираше за Сирија: Дијалогот и дипломатијата нека ја запрат војната

Папата Фрањо упати апел до сите вклучени страни во военит конфликт во Сирија: Послужете се со дипломатските средства, дијалогот и преговорите, за да го заштите животот и судбината на цивилите.

Ватикан Вести

Папата: Црквата да не биде затворен простор, туку да се троши за сиромашните и најслабите

Црквата не може да се затвори во себе пред насилството, неправдите и угнетувањето, туку мора да биде заедница во служба на најслабите – рече папата Фрањо во неделата на 9 февруари пред молитвата Ангел Господов, и истакна дека задачата на христијанинот е да се спротивстави на гревот и на моралното пропаѓање и да ја растера темнината, светејќи со Христовата светлина.

Ватикан Вести

Папата Фрањо ја инаугурираше „Super Nuns“

По повод Меѓународниот ден на молитва и размислување со цел сузбивање на трговијата со луѓе кој се одбележува на 8 февруари, папата Фрањо на 7 февруари претпладне во библиотеката на Апостолската палата се сретна со неколку членови од мрежата „Талита Кум“ и фондацијата „Галилео“, за да ја лансираат виртуелната заедница „Super Nuns“.

Ватикан Вести

Папата се заблагодари на италијанската полиција за посветеното служење

На 8 февруари 2020 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција раководителите и полициските службеници во Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан и им изрази благодарност за нивната секојдневна служба која ја извршуваат. Убава е веќе воспоставената традиција за средба на почетокот на годината на Папата со раководителите и полициските службеници во Инспекторатот за јавна бебзедност во Ватикан. На сите нив, папата Фрањо им изрази благодарност за нивната – како што рече – скапоцена работа. Станува збор за служење на

Ватикан Вести

Папата: Да го слушнеме крикот на нашите браќа и сестри

Милиони луѓе се жртви на трговијата со луѓе, а многу од нив се мигранти, предупреди папата Фрањо во молитвената накана за месец февруари 2020 година

Ватикан Вести

Папата го прими хрватскиот премиер Пленковиќ

Папата во аудиенција го прими хрватскиот претседател на Влада Пленковиќ, кој потао се сретна и со државниот секретар кардинал Паролин

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Слободен е оној кој има моќ на понизност, служење и братство

Во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 5 февруари 2020 година, која се одржа во салата Павле VI, папата Фрањо ја посвети на блаженствата и потсети дека бедните по дух се оние кои се чувствуваат ‘просјаци во интимата на своето битие’. Само препознавајќи и признавајќи ги своите ограничувања можеме да љубиме на слободен начин и да го дадеме животот за другите – истакна папата Фрањо.

Ватикан Вести

Папа Фрањо: Бог плаче за нас кога се оддалечуваме од Него

Давидовото плачење поради суровата смрт на син му кој се свртел против него, е пророштво на љубовта на Бог Отец кон нас, љубов која отиде сѐ до Исусова смрт на крстот – истакна папа Фрањо вчера на светата Литургија во Домот на света Марта и напомена – Господ е татко кој никогаш не се откажува од своето татковство.