Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Започна 33. седница на Кардиналскиот совет

Во присуство на папата Фрањо на 17 февруари 2020 година во Ватикан започна состанокот на Кардиналскиот совет, кој ќе заврши во среда.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Тој што води војна не владее со своите страсти

Кога во срцето го прифаќаме Божјиот закон, сфаќаме дека мораме да го напуштиме животниот стил на кршење на ветувања, како и да преминеме од забрана за лажна заклетва до одлука да не се заколнеме воопшто, прифаќајќи став на целосна искреност кон сите – рече Светиот Отец во недела 16 февруари 2020 година пред молитвата на Ангел Господов на плоштадот Свети Петар.

Ватикан Вести

Папата го прими претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Комшиќ

На 15 февруари 2020 година, папата Фрањо во аудиенција го прими членот па Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој во моментот ја врши функцијата претседател – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан Вести

Следната Епископска синода ќе се одржи во 2020 година

Есента 2020 година ќе се одржи XVI. редовна Епископска синода. Папата тоа го одлучи на состанокот со Генералниот секретаријат на Епископската синода, при што му се презентирани три можни теми.

Ватикан Вести

Папата го прими митрополитот Иларион

Папата Фрањо на 13 февруари го прими во аудиенција митрополитот Иларион, кој е на чело на Канцеларијата за надворешни работи на Московскиот патријархат.

Ватикан Вести

Света Марта: Во срце имајте ги оние кои ве придружуваат во животот

На светата Литургија која папата Фрањо ја служеше во капелата на домот Света марта во петок 14 февруари 2020 година, ги поттикна верниците да мислат на оние кои секој ден на некој начин го придружуваат нивниот живот

Ватикан Вести

Света Марта: Постепеното попуштање пред световноста е отстапништво од верата

Во проповедта за време на светата Литургија во домот Света Марта во четврток 13 февруари 2020 година, Папата ги поттикна верниците да не го заборават Господ постепено.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Да дозволиме другите да ни го пробијат срцето

Папа Фрањо за време на Генералната аудиенција која се одржа на 12 февруари 2020 година поттикна да се измориме молејќи прошка од Господ за своите гревови и да се отвориме за љубовта, имајќи го другиот во срцето.

Ватикан Вести

Објавен е Постсинадалниот Апостолски поттик за Амазонија „ Драга Амазонија“

Во среда 12 февруари 2020 година во Ватикан е објавен постсинодалниот Апостолски поттик на папата Фрањо со наслов „Querida Amazonia” (Драга Амазонија), која е плод на Специјално собрание на Епископската синода за Панамазонското подрачје, која се одржа од 6 до 27 октомври 2019 година на тема: Амазонија: нови патишта за Црквата и целосна екологија.

Ватикан Вести

На 31 мај Папата ќе ја посети Малта

Kанцеларијата за печат при Светиот Престол на 10 февруари 2020 година објави вест за Апостолско патување на папата Фрањо во срцето на Медитеранот, во Малта. Логото за посетата на Папата искажува порака за прифаќање.