Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Радоста која нè исполнува е плод на Светиот Дух

На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо им се заблагодари на фармацевтите кои се ангажираат во оваа време на пандемија за да им помагаат на болните. Во проповедта истакна дека големата сила што ја имаме за проповедање на Евангелието е радоста што е плод на Светиот Дух.

Ватикан Вести

Папата на Велигден упати писмо до членовите на народните движења и здруженија

На Велигден додека светот продолжува да живее во вонредни околности од пандемијата предизвикана од болеста Ковид-19 и додека расте загриженоста од последиците кои ќе ги остави посебно за сиромашните, папата Фрањо упати писмо до „браќата и сестрите членови на народните движења и здруженија“ со кои води континуиран дијалог од почетокот на својот понтификат.

Ватикан Вести

Папата се молеше за надминување на поделбите

Папата Фрањо на литургијата на 14 април 2020 година во домот Света Марта молеше за милост во оваа тешко време за надминување на поделбите. Во проповедта истакна како да се обратиш што значи повторно да бидеш верен, а тоа е однесување кое во нашиот живот не е така често. Верноста е според збороите на Папата, потребна и во убавите и во лошите времиња, потребна е верност кон Бог и едни кон други.

Ватикан Вести

Папата: Нека решенијата на кризата предизвикана од коронавирусот биде во корист на луѓето, а не на парите

На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо посебно се молеше за политичарите и научниците да го пронајдат вистинскиот пат за решение на кризата која ја предизвика коронавирусот. Во проповедта зборуваше за изборот помеѓу животот на народите и богот на парите. Ако се изберат парите, се избира патот на гладот, ропството, војните, фабрики за оружје, деца без образование.

Ватикан Вести

Папата изрази блискост кон земјите кои се силно погодени од корона вирусот

На Воскресниот понеделник 13 април Папата Фрањо изрази блискост на земјите кои се силно погодени од коронавирусот. Светиот Отец ги спомна и жените и нивните големи жртви и опасности во кризата предизвикана од болеста Ковид-19.

Ватикан Вести

Интервју со Папата: „Еве како ја доживувам пандемијата…“

Како Папата ја доживува кризата предизвикана со Ковид-19? И како се подготвува за она што доаѓа потоа? Интервјуто со папата Фрањо го приреди Остин Ајвери.

Ватикан Вести

Папата на благословот Урби ет Орби: Не на егоизмот и поделбите, ова е време на солидарност

Рамнодушноста, себичноста, поделбата, заборавањето не се зборови за ова време. Би сакале да ги отфрлиме за сите времиња! Тие преовладуваат кога во нас победува стравот и смртта, односно кога не дозволуваме да победи во нашето срце и во животот, Господ Исус.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го предводеше Пасхалното бдение во Ватикан

Да ги замолчиме криковите на смртта, доста беа војни! Нека се запре производството и трговијата со оружје затоа што ни треба леб, а не пушки. Нека престанат да се извршуваат абортуси во кои се убива невин живот. Нека се отворат срцата на оние кои имаат за да ги наполнат празните раце на оние кои се лишени од неопходното, повика папата Фрањо во хомилијата на Пасхалното бдение во саботата на 11 април во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Ватикан Вести

Папата го поддржа јавното изложување на Торинското платно

Надбискупот на Торино Чесаре Носиглија прими писмо во кое Светиот Отец Фрањо изразува поддршка за неговата идеја по пат на директен пренос на интернет и социјалните мрежи Торинското повторно да се изложи за широката јавност.

Ватикан Вести

Фондот на Папата за мисионерските подрачја погодени од пандемијата

На поттик на папата Фрањо е основан фонд за мисионерските подрачја кои се најтешко погодени од пандемијата. Светиот Отец го даде почетниот прилог во износ од 750.000 долари. Заедницата на верници во целиот свет можат да придонесат за таа иницијатива преку Папските мисиски дела.