Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата се помоли на грбот на света Моника

На 27 август, кога Црквата го слави празникот на света Моника, папата Фрањо ја посети римската базилика, во која се наоѓа гробот на мајката на свети Августин, света Моника.

Ватикан Вести

Генералните аудиенции на Папата од 2 септември со присуство на верници

Префектурата на Папскиот дом на 26 август објави дека папата Фрањо од 2 септември ќе продолжи со Генералните аудиенции во среда со присуство на верници, пренесе Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Плодовите на земјата мора да стигнат до сите луѓе

На Генералната аудиенција одржана на 26 август во библиотеката на Апостолската палата, папата Фрањо продолжи со серијата катехези за кризата предизвикана од болеста КОВИД – 19, анализирајќи ги сериозните последици од неправедниот економски развој. Општествената праведност и заштитата на целото создание се многу повеќе од потребни, повторно истакна Папата и упати силен апел за бројните деца во светот кој умираат од глад и немаат можност за школување.

Ватикан Вести

Порака на Папата на Твитер

Дали после кризата ќе продолжиме со економскиот систем на социјална неправда и негрижа за животната среда, за созданието, за заедничкиот дом? Да размислиме за тоа, повика папата Фрањо во пораката која ја објави ан Твитер, во среда на 26 август.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Да не ги заборавиме жртвите од коронавирусот

Во недела 23 август 2020 година папата Фрањо повика да не се заборават жртвите од коронавирусот и се спомна на семејствата кои ги оплакуваат своите сакани жртви на болеста Ковид – 19.

Ватикан Вести

Мафијата мора да престане да ги злоупотребува народните побожности

Папата Фрањо ја истакна поддршката за иницијативата на работната група на Папската меѓународна академија против мафијашките сојузи. Папата сака конечно да престане со спорната мафијашка пракса која го користи ликот на Богородица, и воопшто бесрамно го присвојува религиското и културното наследство, што се противи на вредностите праведност, слобода, искреност и солидарност – истакна папата Фрањо во писмото кое на 19 август го пренесе италијанското списание „Maria con te”. Папата изрично ја истакна поддршката до иницијативата на работната група на Папската меѓународна

Ватикан Вести

Папата Фрањо поттикна на молитва за Нигерија и на дијалог со земјите околу реката Нил

Папата Фрањо посебно се молеше за населението во Нигерија кое страдазаради насилството и тероризмот и поттикна Египет, Етиопија и Судан да пронајдат решение за прашањато за реката Нил, односно да се договорат за управувањето со водата и реките кои веќе со години се предмет на тешки преговори.

Ватикан Вести

Папата заради пандемијата ја продолжи Лоретската јубилејна година

Светата година започна во Лорето на 8 декември 2019 година со отворањето на Светите врати, а според одлуката на папата Фрањо ќе заврши на 10 декември 2021 година.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Вознесението на Блажена Дева Марија е голем чекор за сите луѓе

За време на пладневниот говор на папата Фрањо ги поттикна верниците да мислат на големи работи кои Бог ги прави во нивните животи и да му благодарат, како што тоа го направи Марија во химната „Величај“

Ватикан Вести

Монс. Маренго: Папата е многу заинтересиран за Црквата во Монголија

Папата Фрањо го прими младиот епископ, Италијанецот монс. Џорџо Маренго, кој наскоро ќе се врати во Монголија откако Папата го именува за Апостолски префект.