Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Сè уште има премногу ропство; верската слобода е погазена

Обраќајќи им се на учесниците на конференцијата „Меѓународната солидарност на тринитарците“, папата Фрањо ја пофали работата поврзана со самата харизма на Редот на Света Троица. Тој повика на ослободување од нечовечките услови во кои многу луѓе се принудени да живеат и на заштита на прогонетите поради нивната вера на многу места.

Ватикан Вести

Папата: Нека се разјасни одговорноста за велигденските атентати во Шри Ланка

Папата Фрањо упати апел до властите на Шри Ланка да го расветлат крвопролевањето во земјата на Велигден пред три години, поздравувајќи ги речиси 3.500 Шриланчани собрани во базиликата Свети Петар на света Литургија на третата годишнина од атентатот: вистината ќе „донесе мир на вашата совест и татковина“.

Ватикан Вести

Папата до патријархот Кирил: Да бидеме миротворци за Украина

Папата Фрањо упати велигденска честитка до рускиот православен патријарх Кирил и се помоли за украинскиот народ кој копнее за „нова зора која ќе стави крај на темнината на војната“.

Ватикан Вести

Папата: Подобро е несовршена, но скромна вера која се враќа кај Исус

Пред молитвата Царице небесна, Папата се осврна на Евангелието од неделната Литургија во кое се зборува за двете Исусови објави на учениците и средбата со Тома, кој нè претставува сите нас и нашата тешкотија да веруваме. Подобро е несовршена, но скромна вера која се враќа кај Исус – објасни Папата – отколку силна, но вообразена вера што нè прави горди и арогантни.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го прими унгарскиот премиер Орбан

Аудиенцијата во која Папата го прими унгарскиот премиер Орбан, кој повторно по четврти пат победи на изборите на 3 април, траеше четириесет минути. Папата Фрањо и унгарскиот премиер последен пат се сретнаа на 12 септември 2021 година, по повод патувањето на папата во Будимпешта по повод Евхаристискиот конгрес

Ватикан Вести

Папата: Светот го избра Каин, но Бог и понатаму спасува

Во интервјуто кое папата Фрањо го даде на новинарката Лорена Бjаначети во посебната емисија на програмата „A Sua immagine“ (На Негова слика), зборува за различни теми: за драмата со војната, не само во Украина, за улогата на жената, прашањето за бегалците, пандемијата, за световноста во Црквата, но и за важноста на простувањето и надежта на христијанскиот пат.

Ватикан Вести

Повик за помош упатен до папата Фрањо од Мариупол

Кардиналот Черни го пренесе писмото кое го доби од еден новинар во Украина кое го потпишаа „мајки, сопруги и деца“ преживеани и сѐ уште забарикадирани во градот кој Русите речиси целосно го разрушија: „Вашата помош во нивната евакуација би била вистински чин на милосрдие.“

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Старите луѓе треба да се почитуваат и да се признае нивното достоинство

На Генералната аудиенција Папата продолжи со серијата катехези за староста, истакнувајќи дека на општеството често му недостасува чувствителност за возвраќање на љубовта добиена од постарите, со должна нежност и почит. Тој ги повика семејствата да ги приближат своите деца со бабите и дедовците и да не ги запоставуваат кога живеат во дом за стари лица или пензионерски дом.

Ватикан Вести

Папата на бдение со сто илјади италијански момчиња и девојки

Со Марија, која беше на ваши години кога кажа „да“ на Бога, повторете го вашето „Еве ме“. Папата ова го истакна пред сто илјади млади луѓе собрани на бдение организирано од италијанските бискупи на плоштадот Свети Петар. Папата ги слушаше нивните искуства, се молеше со нив, доверувајќи ѝ ја иднината на Пресвета Богородица и ги поттикна да не се плашат од животот, туку да го даруваат, расветлувајќи ги своите стравови со помош на оние околу нас.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Војните нека отстапат место на разбирањето и помирувањето

По пладневната молитва Царице небесна, на Светол понеделник, 18 април 2022 година, Папата повторно апелираше нашите срца да се обратат кон Божјите планови за правда и мир и рече: „Секогаш нагласувајте го овој збор: помирување, бидејќи Исус не помири сите нас со Отецот на Голгота и со неговото воскресение сите нас нѐ помири со Бога и едни со други.