Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо потсети на годишнина од експлозијата во Бејрут
За време на Генералната аудиенција, папата Фрањо се помоли за либанскиот народ, кој пред две години доживеа разорна експлозија во пристаништето на главниот град.
Папата на учесниците на Младифест: Верувајте во Исус и најдете мир
„Поучете се од мене и ќе најдете мир“ од Евангелието по Матеј е мотото на годинашниот 33. меѓународен фестивал на млади во Меѓугорје – Младифест. Папата Фрањо во пораката до учесниците ги охрабри младите да не се плашат и да одат кај Господ со се што носат во срцето. Посланието на Светиот Отец беше прочитано на 1 август, првиот ден од фестивалот, од монс. Алдо Кавали, Апостолски визитатор со посебна улога на парохијата Меѓугорје.
Папата ја нагласува храброста, трудот и пожртвуваноста на малите и средни претприемачи
Молитвената накана на Папата за август 2022 е посветена на трговците, угостителите, занаетчиите и сите оние кои се занимаваат со различни активности кои се погодени од економските последици од пандемијата: „Да се молиме за нив. Тие не се наоѓаат на листата на богати и моќни, но вложуваат во општото добро, наместо да кријат пари во даночните оази“.
Папата го прими во аудиенција претседателот на Фиџи
Папата Фрањо на 1 август 2022 година го прими претседателот на Република Фиџи, Вилијам Катонивера.
Папата ќе го посети Казахстан
Светиот Отец ќе престојува во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, каде ќе учествува на Седмиот конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии.
Папата повторно повика на преговори за мир во Украина
На крајот од молитвата Ангел Господов на 31 јули 2022 година Папата се заблагодари на сите кои придонеоса за „покајничкото ходочастие“ во Канада, а потоа повика на преговори за мир во Украина. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.
Ангел Господов: Лакомството е зло што го уништува човекот
Пред молитвата Ангел Господов на 31 јули 2022 година Папата се освнра на литургиското Евангелие кое зборува за лакомството. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.
Папата се заблагодари на Дева Марија за заштитата на ходочастието во Канада
Папата Фрањо се врати во Рим и неговото апостолско патување во Канада го заврши со посета на базиликата Света Марија Велика за да се заблагодари на Бога што го благослови неговото „покајничко поклонение“.
Папата ги охрабри младите Инуити
Во Икалуит на Арктичкиот Океан, папата Фрањо слушаше сведоштва за страдањата на домородните деца во резиденцијалните училишта и уште еднаш побара прошка за „злото“ – охрабрувајќи ги потомците на жртвите.
Папата до домородните народи: По интензивни денови се враќам збогатен дома
Последната средба на Папата во Квебек беше со делегација на домородните народи во надбискупската резиденција, каде што Светиот Отец им ги довери искуствата од „покорничкото ходочастие“ и патот на исцелување и помирување на три свети жени: Света Ана, Дева Марија и Света Катери Текавита.