Папата ќе го посети Казахстан

Папата ќе го посети Казахстан

Светиот Отец ќе престојува во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, каде ќе учествува на Седмиот конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии.

Посетата на Папата во Казахстан на 1 август 2022 година ја потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни:

„Прифаќајќи ја поканата на граѓанските и црковните власти, папата Фрањо од 13 до 15 септември годинава ќе појде на најавеното Апостолско патување во Казахстан, каде што ќе го посети градот Нур-Султан по повод Седмиот конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии“. Тема на овогодинешниот конгрес е „Улогата на водачите на светските и традиционалните религии во социо-духовниот развој на човештвото по пандемијата“.

На секои три години, верските водачи се собираат на конгрес во главниот град на Казахстан. Поранешниот претседател Нурсултан Назарабаев го свика првиот ваков конгрес во 2003 година. Инспирација беше Денот на молитвата за мир, кој првпат беше предводена од Свети Иван Павле II.во 1986 година во Асизи, Италија, каде што ги собра припадниците на различни религии за да се промовира меѓурелигискииот дијалог, мир и хармонија. Средбите во „Духот на Асизи“ станаа годишна традиција која се одржува секоја година во различен град во Европа.

На почетокот на април, за време на видео-повикот со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев Папата зборуваше за можното патување. По враќањето од неговата апостолска посета на Канада, Папата ја повтори својата надеж дека ќе оди, наведувајќи дека патувањето во Казахстан би било помалку ригорозно патување.

Неколку информации за Казахстан

Казахстан се стекна со независност од поранешниот Советски Сојуз на 16 декември 1991 година. Според Истражувачкиот центар Pew, земјата која има скоро 19 милиони жители, ја сочинуваат околу 70% муслимани и околу 25% христијани, од кои помалку од 1% се католици. Свети Иван Павле II. беше првиот Папа што го посети Казахстан, од 22 до 25 септември 2001 година, под мотото „Љубете се едни со други“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот