Да се погледнеме во огледалото пред да го осудуваме другиот

Пред да ги осудуваме другите треба да се погледнеме во огледалото за да видиме какви сме ние – поттикна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 20 јуни 2016 година во домот Света Марта. Папата истакна дека Божјиот суд од нашиот се разликува по Божјото милосрдие, а не по Божјата семоќ.

Единствено Бог смее да суди, ако не сакаме да бидеме судени не треба да ги осудуваме другите – истакна папата Фрањо во проповедта фокусирана на делот од Евангелието. Сите ние сакаме на последниот суд Господ благонаклонето да нè гледа, да ги заборави сите зла кои сме ги направиле во животот – рече папата Фрањо.

Исус нè нарекува лицемери кога ги осудуваме другите

Затоа ако постојано ги осудуваш другите со истата мерка ќе бидеш суден – рече папата Фрањо додавајќи дека Бог бара од нас да се гледаме во огледалото. Погледни се во огледалото, но не за да си нанесеш шминка за да не се видат битките. Не заради тоа, туку за да се видиш каков си. Зошто го гледаш трнот во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја гледаш?

Или како можеш да му кажеш на својот брат: Дај да ти го извадам трнот од твоето око додека гредата е во твоето око? Како Господ нè нарекува кога правиме така? Само со еден збор: лицемере најпрво извади ја гредата од своето око и тогаш доборо ќе видиш за да го извадиш трнот од окото на својот брат – истакна Папата.

Молитва наместо судење

Од евангелскиот дел се покажува дека Господ малку се лути, нè нарекува лицемери кога се ставаме на Божјото место. Змијата ги уверила Адам и Ева тоа да го направат: Ако јадете од ова стебло ќе бидете како Бог. Тие сакале да го заземаат Божјото место – рече папата Фрањо и додаде:

Заради тоа е многу лошо да се суди. Само Бог може да суди, само Он. Наше е да љубиме, да бидеме сочувствителни со другите, да молиме, кога гледаме дека работите не одат на добро, но и со нив да разговараме: Но, послушај, види… можеби. Но никогаш да не судиме, никогаш. Ако судиме тогаш тоа е лицемерие – рече Светиот Отец.

На нашиот суд му недостасува милосрдие, само Бог може да суди

Кога судиме се ставаме на Божјото место; а нашиот суд е сиромашен, никогаш не може да биде вистинит. А зошто нашиот суд не може да биде како Божјиот? Можеби затоа што Бог е семоќен, а ние не? Не, одговори Папата, туку затоа што на нашиот суд му недостасува милосрдие. Кога Бог суди, суди со милосрдие – рече Папата поттикнувајќи:

Денес да размислуваме за ова што Господ ни говори: не судете за да не бидете судени; со мерката со која судиме ќе ни се суди и трето да се погледнеме во огледалото пред да осудуваме. Овој го направил ова, оној она… Но, чекајте момент… се погледнувам во огледалото и потоа размислувам. Во спротивно ќе бидам лицемер, затоа што се ставам на Божјото место, а и затоа што мојот суд е беден му недостасува нешто многу важно што Божјиот суд го има, му недостасува милосрдие. Нека Господ ни помогне да ги сфатиме тие работи – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот