Папата Фрањо веднаш по враќањето од Ирак кратко ја посети базиликата Света Марија Велика и се заблагодари на Пресвета Богородица за нејзината заштита за време на неговата четиридневна посета на Ирак.
По пристигнувањето на аеродромот Рим Чампино, во понеделник во 12,20 часот по локално време, папата Фрањо се упати во базиликата Света Марија Велика за да искаже благодарност на Дева Марија за нејзината мајчинска заштита за време на неговото 33. Апостолско патување од 5 до 8 март. Папата положи на олтарот букет цвеќе донесено од Ирак, соопшти за прес-центарот на Ватикан
За папата Фрањо, ова е традиционална средба со која започнува и завршува секое негово меѓународно Апостолско патување. Пред да замине за Багдад на 4 март, Светиот Отец го „довери“ 33. Апостолско патување на небесното покровителство на Богородица. Папата остана во кратка молитвена тишина пред иконата на Богородица позната како Salus populi romani – Спас на римскиот народ – кој со векови доаѓа кај Богородица, посебно во време на потреба за да побара заштита и благодат од небото.
Ватикан њуз/к.мк