Новиот претседател на Советот на европските епископски конференции (CCEE) надбискупот на Вилниус Гинтарас Линас Грушас во разговор за весникот „Avvenire“ на 13 октомври порача дека „наша одговорност е да им помогнеме на браќата и сестрите кои пристигнуваат на нашата врата“.
Надбискупот Грушас (60) воедно и претседател на Епископска конференција на Литванија потсетува дека станува збор за луѓе кое на границите на Европа доаѓаат од различни животни ситуации. Фактот дека државите мора да ги штитат своите граници и да спречат трговија со луѓе не ја исклучува подготвеноста на новодојдените да им се загарантира барем основна грижа, истакна монс. Грушас.
Мигрантите навистина се наши ближни истакна надбискупот и ја спомна историјата на своето семејство – роден е во Вашингтон како дете на мигранти од Литванија. Родителите му побегнале пред националсоцијализмот и потоа комунизмот. По школувањето во САД, Грушас се вратил во Литванија како свештеник. Папата Фрањо го именувал во 2013 година за надбискуп во Вилнус, а на пленарното собрание на крајот на септември ова година во Рим е избран за претседател на CCEE.
Ватикан њуз/к.мк