Статистичка анализа за бројот на свештеници во светот

Статистичка анализа за бројот на свештеници во светот

Новиот Годишник на Централната канцеларија за црковна статистика покажува дека бројот на свештеници во Африка и Азија постојано се зголемува, пренесува Ватикан њуз.

Вкупно, од 2013 до 2018 година, во светот имало повеќе од 414.000 свештеници, од кои околу 4. 000 биле ракоположени во тој период. Новиот статистички годишник се однесува на 2018 година и покажува дека во светот има помалку свештеници, но само за 0,3 %.

Но, зголемувањето на бројот на свештеници во Африка и Азија не може да го надополни падот на нивниот број во Европа и Океанија. Во Европа бројот на свештеници е намелен за 7 %. Разликата е очигледна и кај бројот на епархиски свештеници и свештеномонаси.  Додека бројот на епархиските свештеници претежно расте, бројот на свештеномонаси постојано се намалува.

Иако Годишникот не ги толкува овие бројки, бројките покажуваат дека во петгодишниот период имало 8 % помалку свештеномонаси во Европа, додека во Африка и Азија имало 10 % зголемување во истиот период.

Процентот на свештеници по континенти видливо е променет за пет години. Иако Европа сè уште има најголем удел од нив, учеството на европските свештеници во вкупниот број во светот е намален. Во 2013 година, 184.000 свештеници во Европа учествувале со околу 44,3 % од светскиот број, а пет години подоцна нивното учество е 41,3 %. Најчесто ова се должи на падот на бројот на свештеномонасите. Во исто време, Африка и Азија достигнаа вкупно 25,7 %од светскиот број на свештеници. Америка останува на 30%, а Океанија 1,1% од вкупниот број на свештеници во светот.

Аналитичарите посочуваат дека меѓу 2013 и 2018 година починале 4.000 помалку свештеници отколку што биле ракоположени. Во Европа, која се карактеризира со многу поголема старосна возраст на свештениците, скоро 15.000 повеќе умреле отколку што биле ракоположени во тој период. Покрај тоа, Америка е демографски скоро целосно еднаква.

Податоците исто така покажуваат дека смртноста на свештениците е во пораст ширум светот, но значително се разликува според континентите – во некои делови на Африка, Средна Америка и Југоисточна Азија е очигледно поголема.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот