Папата на Генералната аудиенција: Зошто го барате живиот меѓу мртвите?
Зошто го барате живиот меѓу мртвите? На тоа прашање со кое во Евангелието се навестува Христовото воскресение на неверните ученици, папата Фрањо ја градеше денешната катехеза на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар. Пред повеќе од шеесет илјади верници меѓу кои беа и голема група на лица со инвалидитет, Светиот Отец говореше за Исусовото воскресение.
Кога нешто се бара на погрешно место тоа е знак на човечка ограниченост. На подрачјето на смртта, на животот е потребна помош. Ниту верата тука не е исклучок – истакна Папата зборувајќи за евангелскиот опис на воскресението. Никој во почетокот не го препознавал Исус: ниту Марија Магдалена пред празниот гроб, ниту учениците на патот кон Емаус, враќајќи се дома „разочарани“ и поразени. Апостол Тома за да поверува во Исусовото воскресение дури поставува и услов: да го стави прстот во раните!
Зошто го бараш Живиот меѓу мртвите? Колку пати бараме Живот меѓу мртви работи, меѓу работи кои не можат да дадат живот; меѓу работи кои денес се тука, а утре повеќе ги нема, меѓу минливи работи… Зошто Живиот го барате меѓу мртвите? – повтори Папата додавајќи:
Не е лесно да се прифати животот на Воскреснатиот – признава Светиот Отец, толкувајќи дека сѐ зависи од слепилото, бидејќи пречи да го видиш „живиот Исус“: во затворањето во било кој облик на егоизам или самозадоволство“ за препуштање на „заводливоста на земските сили и работите од овој свет, заборавајќи го Бог и ближниот“, да се надеваш на световната суета, во парите, во успех – рече Светиот Отец и продолжи:
Тогаш Божјото Слово ни вели: Зошто меѓу мртвите го барате оној кој е жив? Зошто таму го бараш? Тоа не може да ти даде живот! Можеби ќе те развесели една минута, ден, недела или месец… А потоа? Зошто меѓу мртвите го барате оној кој е жив? Ова реченица треба да ни влезе во срцето и треба да ја повторуваме? – истакна папата Фрањо.
На поттик на Светиот Отец народот три пати едногласно ја повтори реченицата на ангелот која го потврдува Исусовото воскресение. За да можеме да го бараме Исус на вистинското место, почнувајќи со прашањето, живиот Исус секогаш ќе биде со нас за – ако сме згрешиле да го исправиме патот – рече Папата.
Зошто меѓу мртвите го барате оној кој е жив? Ова прашање ќе ни помогне да го совладаме искушението да гледаме назад, на она што било вчера и ќе нѐ турка напред, кон иднината. Исус не е во гробот, воскресна! Он е жив; Секогаш го обновува своето тело – Црквата и прави да оди напред привлекувајќи ја кон Себе. Вчера е Исусовиот гроб и гроб на Црквата, гробот на вистината и правдата; денес е трајното воскресение кон кое нѐ води Светиот Дух, давајќи ни потполна слобода – објасни папата Фрањо.
По Генералната аудиенција за време на поздравите на италјански јазик Папата потсети на скорото прогласување за блажен на отец Џузепе Гироти од монашкиот ред на проповедници кој поради омраза кон верата е убиен во нацистички логор во Дахау. Папата посака неговото херојско христијанско сведоштво и неговото мачеништво во многумина да поттикне желба за сѐ повеќе да се придружуваат на Исус и Евангелието.
За време на Генералната аудиенција на денот кога Црквата слави литургиски спомен на свети Георги (според грегоријанскиот календар) Папата од срце им заблагодари на децата, младите, старите, семејствата, парохиските и монашките заедници, здруженијата, движењата и различните групи кои за неговиот именден му покажаа љубов и близина. Од сите барам да продолжете да молете за мене и за моето служење на Црквата – посака Светиот Отец.
По Генералната аудиенција Папата упати апел за работниците во една италјанска фабрика за челик поради најавеното затворање на печка, при што многу работници ќе останат без работа. Вчера примив видео-апел на работниците во фабриката за челик кој навистина ме допре. Ме натажи – рече Светиот Отец. Драги работици, драги браќа, на вашите лица имаше изразено голема жалост и татковска загриженост, која бара само право на работа за да живеат достојно и за да можат да ги заштитуваат, хранат и воспитуваат сопствените деца. Бидете уверени дека сум ви близу и дека молам за вас, кога ќе згасне човечката надеж секогаш останува запалена Божјата надеж, која никогаш не разочарува.
Драги работници, драги браќа силно ве прегрнувам, а сите одговорни ги молам да го вложат целиот напор во креативност и великодушност за повторно да ја запалат надежта во срцата на тие наши браќа, како и во срцето на сите луѓе кои се невработени поради непотребното трошење и поради економската криза. Ве молам отворете ги очите и немојте да бидете со скрстени раце! – силно поттикна папата Фрањо.
РВ/Д.И.