Најмалите јасли на светот подарени на Папата

Најмалите јасли на светот подарени на Папата

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите му подари на папата Фрањо единствен божиќен подарок: најмалите јасли на светот направени од литвански научници и студенти.

Станува збор за една од трите реплики на јасли кои се наоѓаат на Катедралниот плоштад Вилнус кои 10 илјади пати се помали од оригиналните. Тие се нано-јасли кои се направени со помош на 3D- принтер и кои се видливи само со микроскоп, и веќе се наоѓаат во Гинисовата книга на рекорди.

Додаваме дека ликот на Детето Исус е помал од човечката клетка. Многу сум горда што нашите научници и студенти ги направија најмалите јасли на светот – рече литванската претседателска и додаде дека е среќа што на папата Фрањо може да му го понуди тој интересен и иновативен подарок.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот