Папата ги предупреди корејските епископи на опасноста од духовната и пасторалната световност

Нека сеќавањето и надежта ја вдахнат Црквата во Кореја – е поттикот на папата Фрањо упатен до корејските епископи, со кои се сретна на 14 август во седиштето на Корејската бискупска конференција, веднаш по средбата со државните власти во преседателската палата во Сеул. Светиот Отец ги поттикна епископите да бидат сведоци во Црквата која постојана е на излезот кон светот и да ги одбијат световните мерила за успехот и моќта.

Сеќавањето и надежта – беа во центарот на говорот на папата Фрањо до корејските епископи, во кој исто така ги поттикна да бидат нивни чувари. Вие сте потомци на мачениците и традицијата која започнала и која се развива благодарение на верноста, истајноста и работата на повеќе генерации лаици – рече Папата на епископите, повикувајќи ги да не паднат во искушението на клерикализмот.

Размислувајќи потоа за тоа што за Кореја како и за сите други значи спомнувањето на мачениците, Светиот Отец истакна дека нашето сеќавање на мачениците и на минатите генерации христијани треба да биде реалистично, а не идеализирано или тријумфалистичко. Гледајќи на минатото, не слушајќи го Божјот повик за преобраќање во сегашноста, нема да ни помогне да го продолжиме нашиот пат; напротив, ќе го забави или дури и ќе го запре нашиот духовен напредок – истакна Светиот Отец.

Да бидеме чувари на сеќавањето е нешто повеќе од спомен и чување на милостите од минатото – рече Папата – тоа значи исто така да се црпи од духовното богатство за долгорочно и одлучно да се соочиме со надежите, ветувањата и предизвиците на иднината. Потсетувајќи потоа како Кореја од мисиска земја станала земја на мисионери, Светиот Отец обрна внимание на надежта која ја нуди Евангелието и ја поттикна месната Црква да се грижи за старите луѓе и за младите, задржувајќи се на темата која му е многу драга.

Ако го прифатиме предизвикот да бидеме мисионерска Црква, Црква која постојано е на излезот кон светот и посебно кон перифериите на современото општество ќе биде потребно да развиеме „духовно задоволство“ кое нѐ прави способни да го прифатиме и да се поистоветиме со секој орган на Телото Христово. Да бидеме чувари на надежта – додаде – значи исто така да се гарантира дека пророчкото сведоштво на Црквата во Кореја ќе продолжи да се изразува во грижата за сиромашните. Таа грижа, меѓутоа – според зборовите на Папата – не смее да се сведе само на димензијата на давање помош, заборавајќи ја потребата на секој човек да се развива како личност и да може со достоинство да ја изрази сопствената личност.

Папата Фрањо ги поттикна епископите секогаш да ги слушат свештениците, а потоа забележа дека Црквата во Кореја живее и делува во секуларизирано и материјалистичко општество. Во такви прилики – рече Светиот Отец – пасторалните работници се во искушение да прифатат не само делотворни модели на управување, програмирање и организирање од деловниот свет, туку и начинот на живот и менталитетот кој го водат повеќе световни мерила на успехот, па дури и моќта отколку мерилата кои Исус ги дава во Евангелието. Тешко на нас ако Крстот ја изгуби својата моќ за да суди на мудроста на овој свет! – истакна папата Фрањо и на крајот ги поттикна епископите и свештениците да ги одбијат тие искушенија во сите нивни облици, и изрази надеж за спас од тие духовни и пасторални световности кои го гушат Духот, обраќањето го заменува со задоволството и на крајот го расипува секој мисионерски жар.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот