Папата во недела ќе посети уште една римска парохија

На петтата недела од Великиот пост, на 6 април во попладневните часови папата Фрањо ќе ја посети римската парохија Свети Гргур Портуенсе. Пристигнувањето на Папата е предвидено во 16.00 часот.Потоа Папата ќе поздрави една вероучителка во придружба на болно дете со неговото семејство. Папата Фрањо ќе биде на располагање за света Исповед, а околу 18.00 часот ќе слави неделна Света Литургија во тамошната парохиска црква со парохјаните и собраните верници.

После тоа предвидена е средба со деца, млади, болни и монаси и монахињи кои делуваат во парохијата. Исто така најавено е дека папата Фрањо ќе се сретне со поранешни зависници од дрога и поранешни затвореници. Ова е шеста по ред пасторална посета на папата Фрањо во една римска парохија. Парохијата Свети Гргур Велики (San Gregorio Magno) брои 30 илјади верници и постои скоро 50 години.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот