Парализиран Италијанец го ризикуваше здравјето за да се сретне со Папата

Д’Аргенто и неговата мајка мислеле дека немаат шанса за директна средба со Папата, меѓутоа после интервенција на месниот бискуп таа се случила

Салваторе Д’Аргенто е парализиран од вратот надолу. Тоа се случило во 1995 година, после несреќа на џудо тренинг, спорт со кој тогаш се занимаал. Пред вчерашниот ден, 10 септември, во тие 19 години, 42-годишниот Италијанец само еднаш ја напуштил куќата, поради својата тешка состојба во која се наоѓа и бидејќи со секое излегување ризикува дополнително влошување на своето здравје. Меѓутоа, одлучил дека мора да дојде до Ватикан и таму да го запознае Папата, па и по цена од ризикот кој му се заканува.

„Тој е личност која мора да ја запознаете. Единствена личност“, изјави Д’Аргенто. Тој е неспособен да говори гласно, меѓутоа неговата мајка му чита од усните и тоа го пренесува на другите, па неговите зборови ги пренесоа медиумите.

Д’Аргенто и неговата мајка мислеле дека немаат шанса за директна средба со Папата, меѓутоа после интервенција на месниот бискуп таа се случила. Вчера, пред почетокот на Генералната аудиенција, Папата излезе од папамобилот дојде до Д’Аргенто, го бакна, поразговара со него и неговата мајка и ги благослови.

„Нема зборови со кои можам да опишам што чувствувам“, ја пренесоа медиумите неговата изјава после средбата. Двочасовниот пат од неговото гратче Киети, кој за него траел како вечност, сепак вредел.

Д’Аргенто студирал математика кога му се случила несреќата. И покрај парализата и врзаноста за својата соба, не се предава и своето време го посветува на учење и читање.

„Фрањо е навистина посебен Папа“, рече Италијанецот после средбата.

Битно.нет/ С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот