Папата на Генералната аудеинција: Свештеникот доаѓа да му помогне на болниот поделувајќи му ја светата Тајна Елеопомазание на болните

Секој ден Бог ги доверува на Црквата оние кои трпат по тело и дух – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар во среда на 26 февруари, на кој се собраа околу 50.000 поклоници и верници.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денес ќе ви зборувам за светата Тајна Елеопомазание на болните, која ни овозможува да дојдеме до директен контакт со Божјата милост кон човекот. Во минатото се нарекувала „последно Миро“, затоа што се сметала за духовна утеха непосредно пред смртта. Да зборуваш за Елеопомазание на болните ни помага да го прошириме погледот за искуството на болеста и трпењето во поглед на Божјото милосрдие.

1. Има една библиска слика која во својата длабочина го изразува танството кои извира од Елепомазанието на болните: тоа е параболата за „Добриот Самајанин“ во Евангелието по Лука (10, 30-35). Секогаш кога ја славиме таа Света Тајна, Господ Исус, во личноста на свештеникот, станува поблиску до човекот кој трпи и е тешко болен, или стар. Во параболата се вели дека Добриот Самарјанин се погрижил за ранетиот човек поливајќи на неговите рани елеј и вино. Елејот потсетува на оној елеј кој епископот секоја година го благословува на светата Литургија за посвета на елеј на Велики Четврток, а кое се користи всушност за елепомазание на болните. Виното, напротив, е знак на Христовата љубов и милост кои извираат од дарот на неговиот живот за нас и се изразуваат во целото свое богатство во светотаинскиот живот на Црквата. На крајот, ранетиот човек е доверен на гостилничарот, да продолжи да се грижи за него, без оглед на трошоците. А кој е тој гостилничар? Тоа е Црквата, христијанската заедница, тоа сме ние, на кои Господ Исус секој ден ни ги доверува оние кои страдаат, по тело и дух, за да можеме да продолжиме да ги изливаме на нив, без мерка, целото милосрдие и спасение.

2. Тоа послание на експлицитен и јасен начин повторно е потврдено во Посланието на свети Јаков, каде се препорачува: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови ако направил, ќе му се простат.“ (Јаков 5, 14-15). Таа пракса постоела уште од времето на апостолите. Исус ги учи своите ученици да негуваат посебна љубов кон болните и оние кои страдаат и им ја пренел способноста и задачата да продолжат да шират во негово име и по неговото срце утеха и мир, посебно со милоста од таа света Тајна. Меѓутоа, тоа не смее да не доведе до тоа да подлегнеме на опсесивно барање на чуда или претпоставки дека е можно секогаш и во секој случај да постигнеш оздравување. Наместо тоа, збор за нашата увереност дека Исус е блузу до болниот и стариот човек, затоа што секој старец и старица, секој човек постар од 65 години може да ја прими таа света Тајна по која самиот Исус ни се приближува.

3. Но кога се има болен во куќата понекогаш може да се слушне: „повикај го свештеникот да дојде“; „не, да донесе несреќа, за тоа подобро не го викајте“ или пак „подобро не, за болниот да не се исплаши“. Зошто се мисли така? Затоа што помалку се врежало мислењето дека набрзо по свештеникот доаѓаат погребувачи. А тоа просто не е вистина. Свештеникот доаѓа за да му помогне на болниот или стариот човек; поради тоа е важна посетата на свештеникот на болните. Треба да се повика свештеник кога се има болен човек и да се каже: „нека дојде, нека му даде елеопомазание на болните, нека го благослови.“ Со тоа самиот Исус доаѓа да го утеши болниот, да му даде сила, да му даде надеж, да му помогне; па и затоа за да му подели простување на гревовите. И тоа е прекрасно! Не смее да се мисли дека тоа е нешто табу, затоа што е убаво да се знае дека во моментите на страдање и смрт не сме сами: свештеникот и сите кои се присутни на Елепомазанието на болни ја претставуваат целата христијанска заедница која како едно тело се собира околу оној кој трпи и членовите на неговото семејство, зајакнувајќи во нив вера и надеж и поддржувајќи ги со молитва и братска топлина. Но, најголемата утеха доаѓа од фактот дека во таа Света Тајна станува присутен самиот Господ Исус, кој нѐ зема за рака, нѐ милува како што правел со болните и нѐ потсетува дека веќе му припаѓаме и дека ништо – па ниту злото и смртта – не можат да нѐ одвојат од Него. Ја имаме ли таа навика да ги повикуваме свештениците да дојдат кај нашите болни – тука не мислам кај оние кои ги фатила настинка, која трае два – три дена и поминува, туку кога тоа е сериозна болест – па на нашите стари луѓе, да им ја подели таа Света Тајна, таа утеха, таа Исусова сила за да одат напред? Да го правиме тоа!

Апел на Светиот Отец

Со посебна треперење следам што се случува овие денови во Венецуела. Искрена желба ми е што побрзо да се прекинат насилствата и непријателствата и целиот венецуелски народ, тргнувајќи од политичките и институционалните водачи да поработат на промовирање на националното помирување низ взаемно простување и искрен дијалог, во кој ќе се почитува вистината и правдата и ќе помогне да се одговори на конкретните прашања за општото добро. Додека ја гарантирам својата постојана и искрена молитва посебно за оние кои го изгубија животот во конфликтите и за нивните семејства ги повикувам сите верници да воздигнат молитва кон Бог по мајчинскиот заговор на Богородица од Коромонта да завладее повторно мир и слога во таа земја.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот