Во јули нема да има Генерални аудиенции

Во јули нема да има Генерални аудиенции

Како и обично, во текот на јули нема да се одржуваат Генерални аудиенции со папата Фрањо, соопштија од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Генералните аудиенции повторно ќе започнат на 3 август, соопштуваат од Канцеларијата за печат. На 3 јули е предвидено Светиот Отец да ја предводи светата Литургија во Ватиканската базилика со конгоанската заедница во Рим. „Ќе ја пренесеме Киншаса во базиликата Свети Петар“ – рече папата Фрањо минатиот месец кога на аудиенција ги прими учесниците на Генералното собрание на Мисионерите на Африка, изразувајќи жалење што, по совет на лекарите, мораше да ја одложи долгоочекуваната посета на ДР Конго и Јужен Судан што требаше да се случи на почетокот на јули.

Од 24 до 30 јули е предвидено и апостолско патување во Канада, каде, меѓу другото, ќе се сретне со домородните народи и со ученици од поранешните резиденцијални училишта. Според планот, Папата ќе ги посети Едмонтон, Квебек и Икалуит.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот