Покајничкото однесувањето на Давид пример и за нас
Не треба да се служиме со Бог и народот за сопствена одбрана во тешките моменти на животот – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 3 февруари во капелата на домот Света Марта. Коментирјќи ја постапката на цар Давид при предаството од страна на син му Абшалом, Папата поттикна секогаш да се избира патот на доверба во Бог.
Царот Давид бега пред синот Абшалом, рече Папата и го истакна неговото однесување и последиците на самото предаство. Давид е нажален затоа што народот делумно бил со неговиот син, а чувствувал како тој син да му е мртов. А како Давид се однесуваше пред тоа предаство? – праша Папата и го опиша Давидовото постапување.
Цар Давид, владетел, ја прифаќа реалноста каква што е и знае дека војната би била многу тешка и дека би бил мртов. Затоа, за народот да не настрада се одлучува на бегство; во Ерусалим можел да се спротистави на синот, но не сакал Градот да биде уништен – рече Папата и продолжи:
Пред сѐ, Давид за одбрана не сака да се послужи со Бог, ниту со народ, а тоа е токму знак на цареви со љубовта кон Бог и народот. Бил грешен цар – од историјата го познаваме – но цар на голема љубов: на својот Бог и народот бил толку приврзан што за одбрана не се послужил ниту со Бог ниту со народот. Давид тоа не го прави; негово прво начало е: не инструментализирајте го ниту Бог ниту народот – истакна папата Фрањо.
Давид избрал бегство. Се однесувал покајнички. Се искачи на гората, плачеше, одеше бос и со покриена глава. Целиот народ кој одел со него, плачел и биле со покриена глава. Тоа било навистина покајничко одење. Можеби во своето срце размислувал за злоделата, бројните гревови кои ги направил; за тоа дека не е невин. Можеби и за тоа дека не е праведно да го издаде синот, но признал дека не е свет и избрал покора – рече Папата.
Ова искачување на гората не потсетува на Исусовото искачување и Он бил нажален, бос, во гората влегува носејќи крст. Тоа е покајничко однесување. Давид е нажален и плаче. Кога нешто такво ќе се случи во нашиот живот ние настојуваме да се оправдиме. Давид не се оправдува, реален е; настојува да го спаси Божјот ковчег и неговиот народ, а потоа врши покора. Бил голем: голем грешник и голем светец. А како можат да се поднесуваат тие две работи… Тоа само Бог знае! – кажа Светиот Отец.
На патот се појавил и еден друг човек: Шимеј, фрла камења на Давид и неговите слуги. Бил непријател и го проколнувал Давид. Еден од пријателите на Давид посакал да го убие тој „несреќник“, „мртов пес“ но Давид го запира: наместо освета поради толку навреда, се доверува на Бог. Дури вели да не му пречи на Шимеј во проколнувањето затоа што „кој знае не ли му го заповедал тоа Господ“ и додава: „Он секогаш знае што се случува, Господ тоа го дозволува.“ Можеби Господ, мислел Давид ќе ја види мојата тага и ќе ми возврати со добро на денешното проколнување.
Давид се надева на Господ. Неговото однесување може да ни користи и на нас– рече Папата – затоа што во животот сите доживуваме моменти на темнина и искушенија. Еве го Давидовиот начин на однесување: да не тргуваме со Бог, ниту со нашата припадност; да прифатиме покора и да ги оплачеме своите гревови; и на крајот: да не ја истеруваме правдата со сила, туку да се довериме на Бог – рече Папата.
Многу е убаво ова да се слушнат и видат овие три постапки: човек кој го љуби Бог и својот народ и да не тргуваме со нив; човек кој се признава за грешник и прави покора; човек кој е сигурен во својот Бог и во него се доверува. Давид е свет, а ние го почитуваме како светец. Да го молиме и нас да не научи така да се однесуваме во тешките животни моменти – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.