Папата Лав XIV телефонски разговараше со израелскиот претседател по повод Божиќ и еврејскиот празник Ханука. Осврнувајќи се на нападот што се случи во Сиднеј во неделата, Папата уште еднаш го осуди секое антисемитско насилство и изрази надеж дека мировните процеси на Блискиот Исток ќе продолжат, како и дека ќе се засилат напорите за обезбедување хуманитарна помош.
Папата Лав XIV денес, 17 декември 2025 година, за време на телефонски разговор со израелскиот претседател Исак Херцог, ја повтори својата осуда на сите форми на антисемитизам, осврнувајќи се повторно на терористичкиот напад врз еврејската заедница во Сиднеј во неделата. Тој, исто така, апелираше за продолжување на мировниот процес што се одвива на Блискиот Исток и за засилување на хуманитарните напори, имајќи ја предвид ситуацијата во Газа, каде што луѓето умираат од глад, студ и лошо време по војната. Според Светската здравствена организација, Појасот Газа во моментов е во вонредна состојба со бројни смртни случаи и десетици ранети, кои се соочуваат со големи тешкотии при добивање третман во локалните болници, од кои многу се преоптоварени.
Во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол се вели дека Светиот Отец добил телефонски повик од израелскиот лидер по повод претстојните божиќни празници и прославата на еврејскиот празник Ханука. Римскиот епископ ја повтори цврстата осуда на Католичката црква на сите форми на антисемитизам, кој продолжува да шири страв меѓу еврејските заедници и општеството како целина низ целиот свет.
Ватикан њуз/к.мк

