Една година од изборот на папата Лав XIV

Една година од изборот на папата Лав XIV

Пред една година, на 8 мај 2025 година, Роберт Превост, на вториот ден од конклавата, во четвртиот круг гласање, беше избран за нов папа. Двесте шеесет и седмиот папа во историјата на Црквата го зеде името Лав XIV.

Тој е наследник на папата Фрањо, кој почина на 21 април 2025 година, откако дванаесет години ја водеше Црквата. Свеченото воведување во служба на папата Лав XIV се одржа на 18 мај.

Седумдесетгодишниот Лав XIV е првиот Американец и првиот августински монах избран за Папа. Пред изборот, Превост ја водеше ватиканската Дикастерија за епископи, институција која има важна улога во именувањето епископи во Католичката црква.

Од 2002 до 2013 година беше генерален приор, односно поглавар на Августинскиот ред. Потоа ја водеше епархијата Чиклајо во Перу и беше втор потпретседател на Перуанската бискупска конференција, пред папата Фрањо во 2023 година да го повика на служба во Римската курија во Ватикан.

Катпрес/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот