На Генералната аудиенција во среда, 5 ноември 2025 година, папата Лав XIV смета дека Христовото воскресение може да даде правец во нашиот секој дневен живот, за да ја задоволи нашата жед за смисла и да пренесе надеж на светот.
„Дури и нашето време, обележано со толку многу крстови, ја повикува зората на пасхалната надеж“, рече папата Лав XIV за време на Генералната аудиенција во среда на 5 ноември, на плоштадот Свети Петар.
Во својата катехеза, Папата се осврна на Христовото Воскресение „не како идеја, не какотеорија, туку Настан што е основа на верата“.
Тој нагласи дека вистинското верување во Воскресението во нашиот секојдневен живот значи револуција во начинот на кој живееме. Оваа преобразба потоа може да помогне да се промени „светот со нежната и храбра сила на христијанската надеж“.
„Можеме да бидеме Негови сведоци дури и таму каде што човечката историја не гледа светлина на хоризонтот“, поттикна Папата. „Воскресната надеж не разочарува.“
Ѕвезда водич во нашите хаотични животи
Папата истакна како во Христовото Воскресение „наоѓаме одговор на нашата жед за смисла“, особено кога се соочуваме со ситуации кои изгледаат неразбирливи.
„Во Него, имаме сигурност дека секогаш ќе можеме да ја пронајдеме ѕвездата водилка кон која можеме да ги насочиме нашите навидум хаотични животи, обележани со настани кои честопати изгледаат збунувачки, неприфатливи и неразбирливи: злото во неговите многубројни форми, страдањето, смртта и настаните што влијаат на секој од нас“, рече тој.
„Соочени со нашата кревка човечност“, продолжи папата Лав XIV, Христовото Воскресение „станува грижа и исцелување, хранејќи ја надежта наспроти застрашувачките предизвици што животот ни ги поставува секој ден на лично и глобално ниво“.
Тој објасни како, „од перспектива на Велигден“, Патот на Крстот станува Пат на Светлината. Ги повика верниците „да уживаат и да размислуваат за радоста по болката, да ги проследат во новата светлина сите фази што му претходеа на Воскресението“.
Папата подвлече како Исус се претставува во Книгата Откровение (1:,7) како „Живиот“ за да покаже дека Неговото Воскресение е актуелен факт, видлив во секојдневниот живот на секој човек.
Воскресението не е далечен настан од минатото
Христовото Воксресение „е настан кој не припаѓа на далечно минато, сега е вграден во традицијата како и многу други епизоди од човечката историја“, потенцира Папата. Тој истакна дека Црквата учи дека е потребно да се создаде „живо сеќавање“ на Воскресението со славење на Велигден секоја година и Евхаристија секој ден.
„Воскресното таинство камен-темелник на христијанскиот живот, околу кој се вртат сите други настани“, рече тој, додавајќи дека „можеме да кажеме, тогаш, без никаков иреницизам или сентименталност, дека секој ден е Велигден“.
„Час по час, имаме толку многу различни искуства: болка, страдање и тага испреплетени со радост, восхит и спокој. Но, низ секоја ситуација, човечкото срце копнее по полнота, длабока среќа“, објасни Папата.
За да го разјасни овој концепт, тој ја цитираше Света Тереза Бенедикта од Крстот (Света Едит Штајн), која „длабоко се продлабочи во таинството на човечката личност“, истакнувајќи дека „динамизмот“ доаѓа од „постојаното барање за исполнување“.
Таа пишува дека човечката личност „секогаш копнее да ни биде дадена одново, за да можеме да црпиме од она што моментот ни го дава, а во исто време ни го одзема“.
„Потопени сме во ограничувања, но исто така се стремиме да ги надминеме“, рече Папата.
Воскресението е најубавата вест
Соочен со оваа реалност на човечката природа, „пасхалната објава е најубавата, најрадосната и највпечатливата вест што некогаш одекнала во целата историја“, продолжи Папата.
„Тоа е квинтесенција на „Евангелието“, кое сведочи за победата на љубовта над гревот и на животот над смртта, и затоа е единственото нешто способно да ја задоволи потрагата за смисла што ги мачи нашите мисли и срца.“
Човечките суштества постојано „се стремат кон нешто што е над нив и постојано ги привлекува“, истакна папата Лав. „Ниедна контингентна реалност не задоволува. Ние се стремиме кон бесконечното и вечното.“
Сепак, тој подвлече, „ова е во спротивност со искуството на смртта, предвидено со страдање, загуба и неуспех“, цитирајќи го Свети Фрањо, кој во Песната на сонцето пишува дека „ниту еден жив човек не може да избега“ од неа.
Како заклучок, Папата нагласи дека Воскресението го промени текот на човечката историја.
Кога жените отидоа „до гробот за да го помазат телото Господово“, по Неговото распнување, и го најдоа празен, рече тој, но го сретнаа „мистериозниот млад човек облечен во бело“, кој им рече: „Вие го барате Исус од Назарет, распнатиот. Тој воскресна; не е тука“ (Марко 16:6).
Ватикан њуз/к.мк

