Пред почетокот на божиќната света Литургија, во вечерните часови на 6 ја
На свеченоста следуваше процесија, која застана пред затворените врати на катедралата, каде што започна обредот „Отворање на јубилејните врати“. По воведните молитви епископот Стојанов рече: „Овој обред за нас е вовед во богато искуство на благодат и милосрдие, за да бидеме секогаш подготвени да одговориме на секој што ќе побара од нас објаснување за надежта која е во нас, особено во ова време на војни, немири и нереди“ и додаде дека Христос е нашиот мир и нашата надеж, посакувајќи Тој да ни биде придружник во оваа година на благодат и утеха, а Светиот Дух, кој денес го започнува ова дело во нас и со нас, нека заврши сè до денот на Христос Исус.
Откако беше прочитано Евангелието и извадоци од булата на папата Фрањо за отворање на редовниот Јубилеј Spes non confundit, (Надежта не разочарува), епископот Стојанов го подигна крстот покажувајќи го на народот рече: „Здраво, Крсту Христов, единствена надеж“, по што народот одговори пеејќи. На Твојот Крст се поклонуваме, Владико и Твоето Свето Воскресение го славиме!
Потоа епископот Стојанов ги отвори јубилејните врати и откако ја благослови водата ги пороси присутните верници го започна божиќното евхаристиско славење.
к.мк