Хеловен – Ноќ на вештерки сатански празник
„Како да се совлада сатаната“ е името на новиот документарен филм за егзорцизмот, чија премиера ќе се одржи на 31 октомври во Варшава. Во филмот авторот Михал Кондрат разговара со некои најпознати егозрцисти во светот.
Во Рим Кондрат разговара со о. Габриел Аморт, ватикански егзорцист, о. Кипријан де Мео, еден од најискусните свештеници кој врши егзорцизам, о. Алвар Барделиј – егзорцист од Арец, како и со Анџела Мусолеси, лаик која е блиска соработничка на о. Аморт. Како што пренесува полскиот неделник Gosc Niedzielny овие соговорници проговорија за „орудијата“ кои Католичката црква им ги нуди на верниците во борбата со опседнатоста, како правилно се моли, кој може за време на егзорцизмот да се обрќа на сатаната и при тоа да заповедува, и како може тоа да се прави, а при тоа егзорцистот да не се доведе во опасност.
Во филмот се појавува и една италијанка која страда од опседнатост и говори за своите духовни борби, како и Ана Голезиновска, поранешен топ модел, говори за искушенијата кои ги трпи по преобраќањето.
Не е случајно одбран датумот на премиерата на филмот односно на таканаречената „Ноќ на вештерки„ или Хеловен. Кондрат намерно го одбра овој датум, бидејќи смета дека таа прослава многу луѓе ја третираат како „нормална забава“, а според неговите зборови, тоа воопшто не е случајност.
Палење свеќи во тикви, облекување во демони и слични работи може да биде еден начин преку кој му се оддава почит на сатаната и му се препушта на неговото влијание. За време на еден егзорцизам извршен од о. Кипријано де Мео, сатаната признава дека Хеловен е негов празник – изјави Кондрат, лаик кој како асистент исто така има учествувано во обреди на егзорцизам.
Извор: Битно.нет/Превод:го*ко