Моштите на свети Климент Охридски изложени во Словачка

Моштите на свети Климент Охридски изложени во Словачка

Во Терхова (Словачка) е во тек чествувањео на светите браќа Кирил и Методиј. Деновите од 2 до 5 јули 2017 година се посветени на македонските светци и сесловенски просветители светите Кирил и Методи, Созаштитници на Европа.

Ова година е 28. по ред како Словачкиот народ на торжествен начин преку свети литургии, молебени, процесии… искажува голема почит кон своите небесни заштитници. Ова година посебно место зазема изложувањето на моштите (реликвиите) на свети Климент Охридски, кои со себе ги донесе  Неговото Високо Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов.

Тој во својата свечена проповед по повод празникот се осврна на делото и посветеноста на свв. Кирил и Методиј и нивните ученици и оданост и верба во Бога, како и на актуелната состојба на современиот живот и потребата од наследување на тие големи светци: „…Ние веруваме во Бога кој е верен на својот народ, верен на своите ветувања. Секогаш го поставувам прашањето – што всушност треба да правиме? Поучени од традицијата на нашата Црква во конкретниот случај, мисијата на светите браќа и нивните ученици, гледаме дека прогонството е вградено во апостолската служба! Сите апостоли поднесуваат мачеништво. Сите, од Јаков до Тома… Од најстарите времиња сѐ до денес. Мачеништвото не е само пролевање на крв. Мачеништво е и ова прогонство, овој несфатлив Божји проект на евангелизација PER ASPERA AD ASTRA! (Само преку крстот до спасението). Евангелизацијата е како експлозија на вистината. А ВИСТИНАТА до каде и да стигне ОСЛОБОДУВА…“ Исто така силно одекна и неговиот повик: „Како ретко во историјата сега е време на НОВА ЕВАГЕЛИЗАЦИЈА. На тој пат Бог нас нѐ повикува. Не го слушате ли гласот на Црквата…“

Светата архиерејска Литургија беше пренесувана на телевизија LUX – католичка телевизија во Република Словачка, а покрај бискупот Стојанов служеа и жилинскиот бискуп Н.В.П. д-р Томаш Галис и епископот од Братислава Н.В.П. Петар Руснак. На светата Литургија присуствуваше и амбасадорката на Република Македонија во Република Словачка г-ѓа Василка Попоска Треневска.

к.мк/з.и.с

Категорија: Вести, Македонија

За авторот