Благодарствена света Литургија во Петралинци

Благодарствена света Литургија во Петралинци

На 28 ноември 2021 година во парохиската црква Свети Кирил и Методиј во Петралинци во склоп на Синодалниот όд отец Ѓорге Појразов служеше „Благодарствена света Литургија“. Пред почетокот на светата Литургија децата од парохијата молеа света Бројаница.

По тој повод отец Појразов одржа пригодна неделна проповед во која истакна: Драги браќа и сестри, Господ Исус Христос честопати запрашува и истовремено не поттикнува да настојуваме секој ден да започнеме со искажување на благодарност за она што го имаме. Луѓето честопати забораваат, дури и го потценуваат она што го имаат, истовремено го идеализираат она што го немаат. Ако сме постојано фокусирани на она што го немаме нема да бидеме никогаш вистински расположени, ниту среќни во поголемиот дел од времето и од нашиот живот. Благодарноста за она што го имаме не значи скромност и отсуство на желба за нешто повеќе, за нешто што го немаме. Секој човек има свои сопствени желби. Зарем не е така?

Искажувањето на благодарност значи почитување на она што го имаме и што во нашиот живот значи радост, пријатност и смисла. Искажувањето на благодарност има врска со религиозноста. Верата е таа која не учи да бидеме благодарни за она што го имаме. Секој верник траба благодарноста да ја изразува првин кон Бог, а луѓето кои не се религиозни благодарноста ја искажуват кон животот, универзумот и сл. Тоа е работа на слободен избор. Да размислиме и да се запрашаме себе си, што е тоа добро во нашиот живот што го имате? Што е тоа за кое сме задоволни? Што е тоа што го сакаме? Кои се личностите кои ги сакаме, цениме или кои ни се идоли? Кои активности не прават среќни? Која храна најмногу ни се допаѓа? Што е тоа со кое се гордееме и што го сакаме кај себе? Кога ќе си ги одговориме овие прашања, ќе добиеме еден список на работи за кои можеме да му бидеме благодарни на Бога и на животот.

Секој од нас треба да започне секое утро со искажување на благодарност макар за една или две работи. Во различни денови може да искажеме благодарност за различни работи кои ги имаме. Можеме тоа да го направиме така што ќе си го кажеме во себе или на глас. Зошто искажувањето на благодарност е важно во креирање на позитивен и оптимистички пристап на животот? Секој треба да гледа позитивно на животот, а не негативно. Во животот ќе сретнеме и позитивни и негативни работи и искуства. Кога сме благодарни за она што го имаме ние се потсетуваме колку нашиот живот е вреден и се фокусираме на позитивните работи. А кога сте задоволни и се фокусираме на позитивно тоа ја поткрепува и ја зајакнува нашата смисла на живот и ни дава сила и мотивација да се стремиме кон она што го сакаме, а не што го поседуваме. Секој од нас може да биде среќен само во овој момент односно во сегашноста, а не живеејќи во иднината!

Еве и еден пример кој ни укажува на благодарноста: „Одела една мајка на пазар со своето дете, го држела за рака и брзала но детето се загледало во купот со портокали и не се мрднало. Човекот го приметил тоа зел еден портокал и му го дал на детето. О, немојте така се побунила мајката, нема смисла или кажете колку чини да ви платам. Не, не одговорил продавачот, јас сакам да му ја подарам на детето. Тогаш мајката му рекла на детето, што треба да му кажеш на чичкото? Детето молчело, ама кажи, продолжила мајката, но детето пак молчело. Мајката веќе изгубила трпение и по трет пат малку поостро му рекла па кажи веќе еднаш. Чичко, ќе ми ја излупиш ли? Ова ме натера да размислам дали веќе е изгубено чувството на благодарност, дали е толку тешко да се каже благодарам. По мене благодарноста е храна на душата, ме интересира што мислите вие за тоа“.

На крајот од Благодарствената Литургија парохот Појразов искажа благодарност до сите верници и заедно ја измолија Синодалната молитва за успешна Синода. (о.Ѓ.П).

Категорија: Вести, Македонија
Ознаки Петралинци

За авторот