Попладнето на 30 јануари 2023 година, според својот обичај, Папата отиде во Римската базилика Света Марија Велика за да ѝ го довери Апостолското патување во Демократска Република Конго и Јужен Судан на Пресвета Богородица Salus Populi Romani.
Попладнето на 30 јануари 2023 година папата Фрањо по 102. пат отиде во римската базилика Света Марија Велика и се помоли пред иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ), за да ѝ да и го довери своето патување во Демократска Република Конго и Јужен Судан, по што се врати во Ватикан – извести Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Два дела од патувањето
Станува збор за пасторално и екуменско патување, посебно во делот поврзан со Јужен Судан, кое ќа започне на 31 јануари 2023 година во 08.10 часот кога авионот со Папата ќе полета од римскиот аеродром Фиумичино, а по околу седум часа ќе слета во меѓународниот аеродром во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго.
Во петок, 3 февруари, во 10.40 часот започнува вториот дел од Апостолското патување на папата Фрањо, кога Светиот Отец во придружба на акредитирани новинари ќе се упати кон долгоочекуваната дестинација во Јужен Судан, каде што ќе пристигне околу 15.00 часот по локално време или околу 14.00 часот по средноевропско време.
Две земји кои страдаат
Демократска Република Конго страда, посебно на истокот на земјата, поради вооружени конфликти и експлоатација – рече Папата во неделата во своето пладневна обраќање, поттикнувајќи на молитва за тоа патување. Јужен Судан, измачуван од војна со години – додаде тој – едвај чека да заврши постојаното насилство што принудува многу луѓе да живеат раселени и во многу тешки услови. За двете земји доаѓањето на папата Фрањо носи надеж за ново помирување.
Ватикан њуз/к.мк