Папата: Не плашете се да седите на маса со грешниците

Папата: Не плашете се да седите на маса со грешниците

Вториот ден од посетата во Тајланд, четврток 21 ноември, папата Фрањо го заврши со свечено евхаристиско славење со повеќе од 60.000 верници на националниот стадион во Бангкок.

Многу ходочасници не успееа да влезат на стадионот, па затоа светата Литургија ја гледаа преку видео екраните. Во проповедта Папата ги повика Тајландските католици да излезат на улица и да станат мисионери како и првите евангелизатори и да ги повикаат на Господовата гозба сите браќа, посебно децата и жените изложени на проституција и сексуална трговија, потоа робовите на дрога и мигрантите на кои им е одземен домот и уништено семејството, како и експлоатираните рибари и заборавените питачи и да ја споделат Божјата милост со нив.

Сите кои сакаат имаат право да го слушнат Евангелието, кое во овие краеви почнале да го навестуваат двајца мисионери пред 450 години. Без нив Црквата не би можела да ужива во насмевката на тајландското население – рече Папата и им препорача на верниците да не се плашат да седнат на маса со грешниците.

Осврнувајќи се на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот, Папата се задржа на Исусовиот одговор на прашањето за тоа кои се негови мајка и браќа: Кој ја врши волјата на мојот Отец кој е на небесата, тој е мојот брат и сестра и мајка”. Со тоа тој ги отфрли сите претерани тврдења на оние кои се фалат со повластени права во него. Тој сакаше да се сретне и да ги повика учениците да ја откријат вистината која е во состојба да даде и да роди живот. Тие прашања и одговори ни помагаат и на нас во обновување на нашиот живот и животот на заедницата со неопишлива радост – порача Папата.

Папата ја повика Тајландската католичка заедница да ги следи стапките на своите први мисионери за да ги сретне, открие и препознае со радост сите лица на мајките, татковците, браќата, кои Бог сака да и ги дарува на Црквата и кои уште не присуствуваат на неделната гозба.

На крајот од светата Литургија околу 800 ученици од Институтот свети Павле кои го водат монахињи, во народни носии изведоа традиционални танцови од четирите покраини на Тајланд.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот