Светиот Отец го прифати повлекувањето од служба на Апостолскиот нунциј монс. Пекорари

Светиот Отец го прифати повлекувањето од служба на Апостолскиот нунциј монс. Пекорари

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштение објавено на 31 декември 2021 година информира дека Светиот Отец папата Фрањо го прифати повлекувањето од функцијата Апостолски нунциј во Бугарија и Македонија, поднесена од Н.Е. Монс. Анселмо Гвидо Пекорари, титуларен надбискуп на Популонија, поради навршена канонска возраст.

Монсињор Пекорари е роден во Сермиде, во провинцијата Мантова – Италија на 19 мај 1946 година. Своите студии ги завршува во Бискупската семинарија во Мантова.

За свештеник е ракоположен во 1970, докторира теолошки науки, Морална теологија и Канонско право. Во 1980 година влегува во дипломатската служба на Светиот Стол, почнувајќи со служба во Либија, Сиера Леоне, Гвинеја и Замбија.

Пред да биде испратен за советник во Нунцијатурите во Шпанија и Андора (1995-1999), Ирска (1999-2001), Словенија и Македонија (2001-2003) долги години работи во Државниот Секретаријат во Ватикан.

Светиот Отец папа Иван Павле II на 29 ноември 2003 година, го именува за Апостолски Нунциј во Руанда истовремено и титуларен надбискуп на Популонија. За бискуп е посветен во Мантова од кардинал Анџело Содано.

Во 2008 година беше именуван за Апостолски нунциј во Уругвај, додека оваа година во месец април беше именуван за Апостолски нунциј во Република Бугарија, а на 11 јули 2014 година е именуван и за Апостолски нунциј во Република Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот