Најава: Прослава на патрониот празник Пресвето Срце Исусово во Скопје

Во Годината на милосрдието, а по повод патронот на Скопската бискупија и катедрална парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје во петок, 3 јуни 2016 година ќе се служи Света Миса со почеток во 10.30 часот и свечена Евхаристиска прослава и процесија во 18,00 часот, која ќе ја предводи МОНС. Д-Р ТОМО ВУКШИЌ, воен бискуп на вооружените сили во БиХ во заедништво соСкопскиот бискуп МОНС. Д-Р КИРО СТОЈАНОВ.

По светата миса во 18 часот ќе следува заеднишво со песна и агапе!

За прославата на патронот Пресвето Срце Исусово предвидена е духовна подготовка

Тридневница

Можност за исповед; Тематски проповеди во текот на Мисата, а по мисите обожување на Исус во Пресветата Олтарска Тајна

Вторник 31. 05 – НАВЕСТУВАЊЕ НА МИЛОСРДИЕТО

Среда 01.06 – ДУХОВНИ ДЕЛА НА МИЛОСРДИЕТО

Четврток 02.06 – ТЕЛЕСНИ ДЕЛА НА МИЛОСРДИЕТО 

Категорија: Македонија

За авторот