Папата: Овој „див“ свет треба да се преобрази во почовечки

Папата: Овој „див“ свет треба да се преобрази во почовечки

Во видео пораката по повод 70. годишнината од Движењето за подобар свет, папата Фрањо ја охрабри посветеноста за мир и правда за децата и постарите.

Од „див“ до „божествен“ и најмногу „човечки“ свет, односно поблиску до болките на луѓето, посебно постарите и децата. Спомнувајќи се на зборовите на папата Пиј XII. папата Фрањо ја истакна „преобразбата“ која ја посакува во овој свет ранет од војни и неправди. Во кратка видео порака, снимена на паметен телефон во Домот Света Марта им се обрати на членовите на Движењето за подобар свет по повод 70. годишнината од основањето. Движењето е основано благодарение на интуицијата на Исусовецот Рикардо Ломбарди и, според желбите токму на Пиј XII, кои тој јавно ги искажа на 10 февруари 1952 година во неговиот „Проглас за подобар свет“.

Папата Фрањо се повикува на папата Пачели охрабрувајќи ги членовите на движењето да го продолжат посланието кое се остварува во текот на овие седум децении, следејќи ја визијата за животот, визијата за созданието. Папата Пиј XII зборуваше за „преобразба“. Посебно го истакна зборот „див“, во однос на светот кој треба да стане „божествен“, но пред се почовечки, бидејќи Господ е секогаш блиску до човекот. Одете напред, не се обесхрабрувајте, продолжете да работите за да ја постигнете таа преобразба во светот – ги охрабри папата Фрањо, поттикнувајќи ги да работат за правдедност на децата и постарите, за мир и за подобар свет кој – како што истакна – сакаме да бидеме свет на мирот.

Црквата во сложените ситуации на човештвото

Движењето е основано во 1952 година, како резултат на траен однос и дијалог меѓу папата Пиј XII. и патер Ломбарди, кој се залагаа за итно потребната интервенција на Црквата во сложените ситуации на човештвото. Тоа е време кога Европа излегуваше од пустошот на фашистичкото влијание, нацистичката окупација и заканата од комунистичката идеологија. Навистина, во Прогласот, папата Пиј XII. истакна дека постои цел еден свет кој треба да се обнови од темел, кој треба да се преобрази од див во човечки, од човечки во божествен, според Божјото срце.

Тоа е универзален предлог, кој имаше свој почеток во Италија, благодарение на отец Ломбарди, кој пред хоризонтот на уништувањето од тоталитаризмот се спротивстави само со еден одговор: општо братство. Со она исто братство, втемелено врз чувството за човечкото и врз односот даден преку Христовиот лик, на кој папата Фрањо денес му ја доверува судбината на човештвото како сидро на спасението.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот