Во четврток на 30 декември во парохиската куќа во Кистање – Хрватска почина монсињор Никола Дучкиќ, пензиониран свештеник на парохијата „Воведение на Пресвета Богородица“ во Кистање и поранешен свештеник на Скопско – призренската бискупија, кој живее во свеста на Јањевци како „нашиот парох“.
Погребот на Дон Никола ќе биде во понеделник на 3 јануари 2022 година во Кистање. Телото на починатиот ќе биде изложено во парохиската црква Свети Никола во Кистање од 10 до 15 часот. Во 15 часот ќе има молитва за одрешување.
Монс. Дучкиќ е роден на 12 мај 1941 година во Јањево, Косово, во семејството на Маријан и Марија, р. Ѓуриќ. Основно училиште учел во Јањево од 1948 до 1956 година, а Бискупска класична гимназија посетувал од 1956 до 1960 година во Пазин, каде што дипломирал на 20 јуни 1960 година. Струдирал Теологија од 1960 до 1967 година на Католичкиот богословски факултет во Загреб, каде дипломирал 27 јуни 1967.
За свештеник е ракоположен на 29 јуни 1966 година во парохијата Свети Никола во Јањево, во тогашната Скопско-призренска бискупија.
Дон Никола Дучкиќ е првиот јањевачки парохиски свештеник во Јањево по педесет години. Бил парох на парохијата Свети Никола во Јањево петнаесет години (1974-1989). Потоа единаесет години бил парох во светилиштето Богородица Летничка (1989-2000). Од 1969 до 1974 година е парох во Бинач во парохијата Свети Антун, пред таоа капелан во Стубла. Дон Никола Дучкиќ 26 години бил декан на косовскиот и македонскиот деканат (1969-1995) во Скопско-призренската бискупија, член на свештеничкиот и градежниот совет, консултор и десет години економ и професор по латински јазик во Скопската семинарија.
к.мк